Еве што ви треба да за влезете во Србија од 1 јуни
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Мај, 2020 18:35
Во Србија од 1 јуни влез ќе биде можен само со негативен тест и потврда од амбасада.
Србија ги отвора своите граници со соседните земји – Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, препорачал Кризниот штаб за заштита на јавно здравје од заразни болести.
Владата на денешната седница го усвои протоколот за влез на граѓаните на Србија и на странските државјани во земјата, во согласност со епидемиолошката состојба и заштитата на населението од заразна болест КОВИД-19, соопштија од владината прес служба.
Српските државјани ќе може да влезат во земјата само со негативен ПЦР тест на коронавирус и да се движат низ земјата. Тестот не треба да биде постар од 72 часа. Ако немаат направено тест, српските државјани по влезот во земјата ќе мора да поминат во домашна изолација 14 дена.
Странците во Србија ќе можат да влезат под два услови, со негативен тест на коронавирусот, не постар од 72 часа и со потврда издадена во српската амбасада или конзулатот во земјата од каде што доаѓаат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





