19 Декември, 2025
0.0984

ЕВКЛИДИС ЦАКАКЛОТОС: новиот адут во рацете на Атина!

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2015 09:44

Добивај вести на Viber

Евклидис Цакалотос, професорот со добар темперамент, кој беше назначен за нов министер за финансии на Грција во понеделникот, покажува јасна промена во однос на воинствениот стил на својот претходник Јанис Варуфакис. 55-годишниот Цакалотос учел во престижното лондонско приватно училиште "Сент Пол", а потоа на Оксфордскиот универзитет. Тој зборува грчки со британски акцент и ретко се појавува на јавни места. . Но ако европските власти очекуваат новиот министер за финансии на Атина, кој веќе бил главен преговарач во средбите меѓу грчката влада и доверителите, да има помек пристап во новите преговори, можат да помислат повторно, пишува во својата анализа Ројтерс. Како плод на економското размислување на СИРИЗА, Цакалотос најверојатно ќе ги засили напорите да се стави едно од најконтроверзните прашања во последните пет месеци - олеснување на долгот на Грција - назад на масата. За време на прес-конференција откако положи заклетва Цакалотос изјави дека е загрижен за задачата со која треба да се соочи. "Не можам да сокријам пред вас дека сум прилично нервозен. Не ја преземам функцијата во најдобар момент во историјата на Грција ", коментира тој. Но министерот кој седеше во сенката на својот претходник, изјави дека е подготвен да им даде нов почеток на преговорите со европските партнери, па да одговори на одлуката од референдумот кој се одржа во Грција во неделата. "Сакаме да продолжиме со дискусиите, да го користиме мандатот кој Грците ни го дадоа, за да постигнеме нешто подобро ... за сите оние луѓе кои страдаат толку многу", додаде министерот. Цакалотос кој е коавтор на книгата на гувернерот на грчката централна банка Јанис Стурнарас, е нарекуван на левичарски жаргон "Револуционерниот европеист" - економист кој ја поддржува интеграцијата на Европската унија (ЕУ), но не и капиталистичките принципи. Слично на Варуфакис, Цакалотос честo ја негира Европа за големите демократски пропусти и тврди дека лошо управуваните фискални ограничувања наметнати од јадрото на еврозоната, доведоа до непотребното осиромашување на Грција и други земји во периферијата. "Европската монетарна унија создаде раздор меѓу јадрото и периферијата и односите меѓу нив се хиерархиски и дискриминаторски", пишува тој во написот. Роден во Ротердам, Холандија, Цакалотос има значителено меѓународно научно искуство. Тој учи политикологија, филозофија и економија во Оксфорд, каде што подоцна во 1989 година добива и докторат. Тој предава на Универзитетот во Кент пред да се врати во Атина како професор по економија на Универзитетот во Атина. Студентски протести Таму, пред речиси една деценија, тој ги води своите ученици во трчање со месеци на протести против планираните реформи на образовниот систем во Грција. Додека учениците ги окупираат училниците и маршираат низ улиците, Цакалотос е во првите редови, потсетува Танос Цукнидас, 30-годишен сметководител кој го познава од овие времиња. "Тој беше таму, учествуваше во борбата. Се боревме заедно ", се сеќава мажот. " Неговата врата секогаш беше отворена за сите студенти кои сакаа да разговараат за универзитетски проблеми и политички прашања, или само да зборуваат нормално". Активната улога на Цакалотос, кој се приклучува на наставната унија, му носи популарност Неговите предавања, вклучувајќи го и курсот по историја на економската теорија, се пренатрупани, се сеќава Василис Алевромитис, поранешен негов студент, кој во моментов е невработен. Некои ученици не престануваат да се кикотат на британскиот акцент на професорот. Цакалотос се впушти во политиката преку Сојузот на професорите, ословувајки се поблиску до СИРИЗА, која се здобива со популарност на грбот на економската криза во Грција. Тој е избран да влезе за прв пат во парламентот во мај 2012 година, а во јануари 2015 година е реизбран кога неговата партија дојде на власт, а Алексис Ципрас ја презеде премиерската функција. Цакалотос го охрабри Ципрас да се здружи со други европски левичарски групи, вклучувајќи ги Podemos во Шпанија и Sinn Fein во Ирска Според актуелниот министер за финансии на Грција простувањето на долговите на земјата може да се случи на многу начини. Во интервју за Ројтерс тој препорачува Атина да добие предлог за отпишување на долгот преку Европскиот механизам за стабилност кој треба да ги преземе грчките обврзници чувани од Европската централна банка - како опција која нема да доведе до зголемување на долгот на Грција или оној на нејзините партнери. "Постојат многу технички решенија како да се случи тоа", коментира тој. "Ако има добра волја, можам да смислам барем 10-15 решенија во моментов како може да се случи тоа. Ако нема политичка волја, тогаш за секое решение можам да најдам камен на сопнување ". Луѓе кои го знаат Цакалотос, тврдат дека тој има силни квалитети за преговори, што ќе биде во корист на Атина при обновувањето на преговорите со кредиторите. "Тој е совршен човек, кој може да и помогне на грчката Влада да се справи со сегашниот ќор-сокак и да постигне договор со меѓународните кредитори. Тој е скромен, мирен и многу добар слушател ", тврди Паникос Деметриадес, поранешен член на Управниот совет на ЕЦБ за Кипар, кој се запознава со Цакалотос додека тој уште е во Велика Британија. Обработка: К.К. Извор: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен