21 Април, 2025
0.0247

ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 60 евра за мегаватчас за 85 отсто од потребите

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2024 16:49

Добивај вести на Viber

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2024 ги доби следните понуди:

  • За 85 oтсто од потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме, доби само една понуда, и тоа од компанијата АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 60 евра за мегаватчас, додека
  • За 15 отсто од потребите на Универзалниот снабдувач, беа добиени три понуди, од компаниите Дуферцо МК, ЕСМ Продажба и Соле24, со понудени цени кои беа за околу два и пол пати повисоки, во однос на понудената цена на АД ЕСМ за 85 отсто од потребите.

Управниот одбор на ЕВН Хоме донесе одлука да ја прифати понудата од АД ЕСМ за 85 отсто од потребите, додека за останатите потреби од 15 отсто, понудите на компаниите не беа прифатени од страна на ЕВН Хоме поради значително повисоките цени во однос на пазарните во моментот.

Како резултат на тендерската постапка спроведена неодамна, од 1 јули 2024 година ЕВН продолжува да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Договорот со Владата за обезбедување на универзална услуга е потпишан на 18.06.2024 година, по што следува процес на лиценцирање во Регулаторната комисија за енергетика. Овој процес кој е неопходен за обезбедување на континуитет во снабдувањето со електрична енергија преставува голем предизвик, поради краткиот рок до престанувањето на важноста на постојната лиценца, како и отворените прашања во однос на начинот на кој ќе се пристапи кон продолжувањето на лиценцата за периодот од следните 5 години.

Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.

Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

foto freepik.com/EyeEm

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери