ЕВН ќе ги наградува редовните плаќачи на струја, но само ако се избрани!
Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2013 12:56
ЕВН Македонија започнa со нова наградна игра за своите редовни плаќачи насловена „Среќно поле“ во рамки на која најсреќните корисници ќе учествуваат на телевизиско шоу каде преку игра на среќа ќе имаат можност да добијат вредносен ваучер за енергетско-ефикасни апарати во вредност од 6.000 до 100.000 денари.
Право на учество имаат сите домаќинства и мали бизнис корисници кои редовно и во рок ги подмириле своите долгови за електрична енергија во моментот на извлекувањето, со исклучок на вработените во ЕВН Македонија.
„Во секоја емисија ќе учествуваат по тројца најсреќни корисници влезени во базата на редовни плаќачи кои ќе ги бира системот по случаен избор. Еден од нив ќе биде со сигурност корисник што плаќа сметка за електрична енергија со траен налог. Вкупно ќе се бираат тројца официјални и пет резервни учесници кои ќе можат да се појават на шоуто само доколку официјалните не се во можност. По електронски пат на крајот на секоја емисија ќе се избираат учесниците за наредната“, информираше Ленче Карпузовска, раководител на Одделот за комуникации во ЕВН Македонија.
ЕВН Македонија има околу 700.000 корисници од кои преку 200.000 се редовни плаќачи. Досега и преку 8.000 корисници склучиле договори со банките за плаќање на сметките за електрична енергија со траен налог, посочуваат од компанијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





