ЕВН Македонија додели помош за социјално загрозените
Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012 16:23
ЕВН Македонија во пресрет на новогодишните и божиќните празници, реализираше серија донации за деца од повеќе училишта и домови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во Македонската православна црква и Исламската верска заедница, информираат од компанијата.
- Со искрени желби за среќна Нова година и со соодветни подароци, Управниот одбор ги посети Домот за деца без родители „11 Октомври“, училиштето за деца со посебни потреби „Златан Сремец“, како и децата од Ромскиот едукативен центар „Сумнал“ во Скопје. Празнични пакетчиња им беа поделени и на децата од СОС Детското село, како и на социјално загрозените дечиња од општина Шуто Оризари. Претставници на компанијата ги посетија и „Домот за доенчиња“ во Битола и регионалниот центар за деца со посебни потреби во Демир Капија и во Банско - Струмица, соопшти ЕВН Македонија.
ЕВН Македонија, се посочува во соопштението, заедно со Црвениот крст ја реализира и новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која над 1.500 деца од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од 13 градови низ земјава, од 20 до 30 декември 2012 година, имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, пакетчиња и фотографирања со Дедо Мраз.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





