17 Декември, 2025
0.0493

ЕВН Македонија е оштетена за 3,6 милони денари во втората недела од месец јули

Објавено во: Економија 17 Јули, 2013 16:33

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија во втората недела од  месец јули на 27 корисници им испорача пресметки за неовластено користење на електричната енергија и во судовите поднесе кривични  пријави за корисниците.

Засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица придонесоа да се откријат двојно поголем број на кражби на електрична енергија споредено со првите седум дена од јули.

Штетата која ја направиле во системот изнесува 3,6 милони денари, односно крадците потрошиле 560 000 Kwh електрична енергија. Директно приклучени во мрежата биле 11 корисници, тројца од фатените корисници го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар