20 Декември, 2025
0.0535

ЕВН Македонија креира генерации кои разумно ќе ја користат енергијата

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2015 12:07

Добивај вести на Viber

Зелените енергетски клубови формирани во 12 основни училишта како дел од Училишниот проект на ЕВН Македонија се натпреваруваа со стекнатите знаења на финалниот детски квиз за енергетска ефикасност што се одржа во Струга. Со квизот се заокружија активностите на Училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2014/15 година.

evn uciliste 1

Победници на натпреварот се учениците од ОУ „Димитар Македонски“ – Скопје, Лисиче, второто место го освои ОУ ,,Петар Поп Арсов “ од Карпош, Скопје, а на третото место се пласираа учениците од ОУ „Јонче Смугрески“ – Обршани, Кривогаштани. Победниците добија вредни едукативни награди, а сите учесници подароци од ЕВН Македонија.

evn uciliste

На квизот учествуваа 60 деца кои во текот на учебната година учеа како разумно да ја користат енергијата и како наученото преку мали локални кампањи да го пренесат во своите локални заедници. Игрите на квизот беа подготвени од група од 20 средношколци кои пред квизот присуствуваа на неколкудневна летна школа.

evn uciliste 5

Училишниот проект на ЕВН Македонија се спроведува веќе осум училишни години и досега опфати околу 300 основни училишта во сите општини во Македонија. Едукативниот процес го минале над 40.000 ученици. Во последните четири години основани се секции т.е зелени енергетски клубови во повеќе од 50 училишта. Проектот се спроведува во партнерство со повеќе граѓански организации и тоа: Здружение Конект, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ), Младински совет Охрид, Жетва на знаење од Прилеп и Планетум од Струмица.

evn uciliste 4

Активностите на проектот ќе продолжат и во следната учебна година, со нови знаења и нови ученици кои како досегашните учесници ќе станат идни генерации на совесни корисници на енергијата.

evn uciliste 3

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии