ЕВН Македонија повторно ги отвори вратите на музејот „Матка“
Објавено во: Мои пари 06 Март, 2023 17:08
Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од денес е повторно отворен за посетителите. Првиот ден на новата сезона се одбележа со настан за енергетската ефикасност на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките факултети и ученици од паралелките за дуално образование на ЕВН во СЕТУ „Михајло Пупин“.
Преку експонатите со мултимедијален и интерактивен пристап, учесниците се запознаа со поимот и историјата на електричната енергија, производството, преносот, дистрибуцијата и снабдувањето. Во текот на настанот, тие добија многу совети за штедење на електрична енергија и разумно користење на истата.
Глобалната енергетската криза разбуди голем интерес кај граѓаните од сите возрасни групи за да се информираат во врска со енергетската ефикасност и штедењето, а токму во овој Изложбен центар посетителите може да научат повеќе на овие теми. Содржините во музејот „Матка“ се на македонски, албански и англиски јазик, а влезот е бесплатен.
Изложбениот центар „Матка“ е отворен во 2017 година. Објектот е сместен во зградата на старата хидроцентрала на Матка во Скопје. До сега вкупно го имаат посетено околу 20.000 посетители. Центарот е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, како и на Националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија.
Повеќе информации и закажување на посети на: www.matka.com.mk
ПР-објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




