16 Јануари, 2025
0.0370

„ЕВН“ работи на санирање на далекуводот кој е во опасност од лизгање на земјиште

Објавено во: Македонија 18 Март, 2015

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија го санира 110кВ столб кој беше зафатен од лизгање на земјиштето во близина на населбата Драчево.

Лизгањето на земјиштето е предизвикано од градежни активности од трето лице и во опасност да падне е 110 кВ столб на трасата од Трафостаница Скопје 4 (400/110 кВ ) кон Трафостаница Драчево 1 (110/10 кВ). Поради ова проблеми со напојувањето имаат корисниците од населените места Драчево, Батинци, Љубош, Количани, Китка, Црвена Вода, Алдинци, Караџица, Солунска глава, Палиград, Цветово и Варвара.

evn dracevo7

„Се бара решение за дислокација на столбот затоа што секој час се менува состојбата со земјиштето. Можно е ако има врнежи од дожд целото земјиште да заврши на магистралниот пат Скопје – Драчево заедно со столбот. Во моментов екипите работат на демонтирање на проблематичниот столб и осигурување на соседните два столба, кои може да бидат доведени во опасност.

evn dracevo 5

Во истовреме се работи на воспоставување на нормално снабдување со енергија на населените места. Бидејќи поради прекинот на оваа врска нема доволно моќност за трафостаницата Драчево 2 (35/10 кВ), се преземаат алтернативни решенија. Се префрлаат корисниците на други напојни точки, а поголема моќност ќе се обезбеди со поставување на нов трансформатор. Ова значи дека корисниците ќе бидат повеќе часа без напојување за да може екипите непречено да работат на монтирање на новиот трансформатор.  Проценките велат дека до ноќните часови ќе биде под напон новиот трансформатор со два пати поголема моќност од стариот и ќе биде нормализирано снабдувањето со електрична енергија на населените места“, велат во соопштението до нашиот медиум од ЕВН Македонија.

evn dracevo 6

Геолошките испитувања ќе треба да покажат каде ќе минува новата траса. Додека целосно не се санира далекуводот,  Драчево и другите населени места ќе се снабдуваат со енергија од алтернативните решенија. Затоа апелираме на разбирање од корисниците за евентуалните можни прекини во снабдувањето и на разумно користење на електричната енергија додека трае санирањето. Ако не се намали потрошувачката можно е да се применат и други мерки. За ситуацијата се известени Центарот за исвестување и тревога на РМ, како и надлежните кои треба да преземат соодветни мерки и да истражат како е дојдено до лизгањето на земјиштето.

 

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села