Еврогрупата нема да преговара со Грција пред референдумот
Објавено во: Балкан 01 Јули, 2015 20:08
Претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум изјавил денеска дека финансиските министри од еврозоната ќе разговараат за последните предлози на Атина, но „гледа мали шанси за напредок“, по говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Потоа беше јасно дека Еврогрупата нема да преговара повеќе со Грција до референдумот од 5 јули, пренесоа светските новински агенции. Тоа го соопштил словачкиот министер за финансии Петер Казимир. Ова го потврдија и извори од грчката влада.
Ципрас ќе ги прифати претставените предлози минатиот викенд на доверителите за продолжување на спасувачката програма со грст ситни промени. Ова беше јасно од писмо на грчкиот премиер до доверителите што е испратено вчера вечерта.
Во него се вклучени детали во врска со вчерашното изненадувачко барање на Грција да се прошири истечената на втора меѓународна спасувачка програма и за доделување на нови 29,1 милијарди евра помош.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




