Добивај вести на Viber
Со децении, американските тркачки коњи, главно пензионирани или повредени, се транспортирани до Канада и Мексико, каде што е дозволено ти да се колат, а нивното месо потоа се обработуваше и продаваше во Европа и другите делови на светот.
Меѓутоа, подоцна Американската агенција за квалитетот на храната ги извести мексиканските и канадаските кланици дека месото од американските коњи е претоксично и најверојатно небезбедно за консумирање бидејќи коњите редовно се третираат со силни лекови. И покрај фактот што тркачките коњи сочинуваат само мал дел од вкупната трговија со коњско месо, европските официјални претставници препорачаа дека треба да се проверува здравјето на коњите кои ќе завршат во кланица и дека тие можеби би било добро да се чуваат во хранилиште или друг изолиран простор шест месеци пред колењето. Во октомври, Стефан Гигуере, извршниот директор водечката кланица во Квебек, одби неколку камиони полни со коњи од САД поради тоа што потенцијалните неговикупувачи се загрижени за допингот.Гигуере вели дека на неговите клиенти им препорачува да се тргнат од американските тркачки коњо.
„Ние не ги сакаме, тоа е преголем ризик,“ изјави тој.
Овие настани се само уште еден показател за проблематичната ситуација со допингот на коњите0. Некои истакнати тренери беа казнети за користење на легални и нелегални дроги, а се почесто се открива месо заситено со лекови против болка. Конгресот повикува на реформи и националните надзорни органи сакаат воведување на построги правила.
Според извештајот, владината канцеларија за одговорност, само во 2010 година во Канада и Мексико завршиле 138 000 коњи, кои се претворија во месо за европските и другите пазари. Организации кои се загрижени за доброто на пензионираните тркачки коњи проценува дека 10 до 15 отсто од коњите за колење учествуваа во трки во САД. Коњите кои се транспортираат во Канада и Мексико не е дозволено законски да имаат консумирано одредени лекови шест месеци пред колењето, а оние кои работат на нивен транспорт исто така мора да поседуваат сертификат.
Но, претставници на Комисијата велат е лесно да се фалсификуваат и сертификатите. Со оглед на фактот дека коњското месо не е дел од вообичаена исхрана на Американците, Администрацијата за храна и лекови не бара податоци за влијанието на ова месо врз човековото здравје, па поради тоа што ги зема предвид лекови кои се законски дадени на коњите.Инаку според неодамнешните испитувања, а во период од три години, повеќе од 3800 коњи биле позитивни на тестот за дрога.
Многу американски сопственици и тренери велат дека не дозволуваат колеже на коњите кои ушествуваат во трки, но овие случаи е тешко да се докажат. Меѓутоа, во мај минатата година, една од кланиците во Квебек во сопственост на компанијата „Viande Richelieu“ ги назад поранешните тркачи Канукија и Кактус Кафе, бидејќи борците птоив колење на коњите од Охајо и Западна Вирџинија успеја да докажат дека коњите примале силни лекови.
Коњското месо инаку се смета за деликатес во Франција и други европски земји.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.