05 Декември, 2025
0.0355

ЕВРОПА ПРЕДУПРЕДУВА: Македонија не ги користи добро европските пари за земјоделство

Објавено во: Агробизнис 11 Ноември, 2015 08:20

Добивај вести на Viber

Директните плаќања на субвенциите односно субвенциите треба да се развиваат и да се следат нивните ефекти, нотира Европската комисија во Извештајот за напредокот на Македонија во делот посветен на земјоделството. Во извештајот се посочува дека земјава е умерено подготвена во делот на земјоделството и руралниот, а направен одреден прогрес. Се посочува дека новата Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година обезбедува механизми потребни за справување со прблемите во овој сектор, но земјата треба да се фокусира кон поефикасно користење на средствата од ИПАРД програмата. Комисијата укажува дека лани 15,6 милиони евра Македонија ги вратила како неискористени во буџетот на Европскта унија. -  Директните плаќања на земјоделците треба да се развиваат, како и целите на политиката, и да се следи нивното влијание во пракса. Значајни чекори се преземени за решавање на главните прашања поврзани со спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), каде што и покрај зголемувањето на апликациите, 15,6 милиони евра се вратени како неискористени во буџетот на ЕУ во 2014 година. Административниот капацитет на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше зајакнат и беше направен напредок кон акредитираат новите мерки на ИПАРД, се наведува во извештајот. И во ланскиот извештај ЕК нотираше дека во 2013-та година, 11,5 милиони евра кои  биле доделени од страна на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), не се искористиле и се вратиле во буџетот на Европската унија. Оваа забелешка е присутна во речиси секој извештај. Комисијата нотира дека за упсешно спроведување на консолидацијата и приватизацијата на земјиштето, Министерството за земјоделство има потреба од поголеми административни ресурси, но и дека е потребна поголема транспарентност на буџетските средства за националната програма за земјоделство и рурален во развојот, поради што е потребно зајакнување на капацитите  за имплементација, мониторинг и евалуација на националната програма треба да се зајакне. Останува загриженоста за ефикасно користење и одржување на објекти за наводнување. Во делот на органското производство Комисијата наведува дека има одреден напредок, направени се подготовките за заштита на два производа со географско потекло, но административниот капацитет во овој секотр е недоволен. Безбедност на храна,ветеринарна и фитосанитарна политика Брисел оценува дека постои одредено ниво на подготовка во областа на безбедноста на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Направен е одреден напредок во областа на безбедноста на храната. -Во наредната година, земјата треба особено: во зголемување на административните капацитети, особено во инспекциските служби и лаборатории. и да ги засили напорите во фитосанитарната политика.Општата безбедност на храната, на Законот за безбедност на храната беа дополнително усогласени со ЕУ регулативите. Постигнат е одреден напредок во областа на правилата за безбедност на храната. Ревидирано е спроведувањето на законите за за материјали во контакт со храната, означување, додатоци на храна и храна за посебна нутритивна употреба. Годишна програма за следење на безбедноста на храната се спроведува само делумно. Во делот на  ветеринарната политика, се нотира дека Агенцијата продолжила  да ги  ажурира системите за контрола на увозот на живи животни и производи од животинско потекло и дека се подобрени контролите на идентификација, регистрација и движењето на животните.Но сепак  Едукацијата продолжува сеуште не се воспоставени системи за собирање и третман за нуспроизводите од животинско потекло. Во однос на фитосанитарната политика, ЕК во извештајот забележува дека е остигнат е одреден напредок, донесени се подзаконски акти за здравје на растенијата и заштита на растенијата, и развиени се планови и насоки за фитосанитарна инспекција инспекторат. Сепак, како недостаток се посочува дека штетните организми и производите за заштита на растенијата само делумно  се следат, а Фитосанитарната управа е сеуште недоволно екипирана и нема опрема. Има умерено ниво на подготовка во областа на рибарството, и одреден напредок е направен во однос на мониторингот на  улов, оценувца ЕК. Во наредната година, земјата треба да направи понатамошни напори за усогласување на политиката на пазарот со регулативите. -Производство на риба во Република Македонија се базира на воден и стопански риболов во езерата. Регулативите  во областа на ресурсите, инспекцијата и контролата, се само  маргинално применливи. Буџетот за 2015 година на државната помош за рибарство и аквакултура е стабилен и изнесува 1,5 милиони евра, но се користи само 20% од износот наменет за финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата во 2014 година, се наведува во извештајот на Европската Комисија. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?