16 Јуни, 2025
0.0252

ЕВРОПА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО: Се откажуваат настани, се распоредува војска! Доаѓа невидено невреме

Објавено во: Свет 13 Септември, 2024 10:54

Добивај вести на Viber

Централна Европа е во опасност, предупредувања за невреме има во голем дел од земјите членки на Европската унија. 

Како што веќе беше објавено и жнајавено, Хрватска е зафатена од огромна временска промена. Невреме со грмотевици, силен ветер, силен дожд и пијавици предизвикаа проблеми низ државата.

Според чешките и полските метеоролози, во некои области на нивните земји може да наврнат и до 400 литри дожд на метар квадратен во следните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.


Културните манифестации закажани за викендов беа откажани во тие четири земји поради најавеното поминување на циклонот.

„Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела“, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината формираше кризен штаб. Според чешкиот министер Петар Хладик, ситуацијата во земјата „може да биде слична на онаа од 1997 и 2002 година“.

Градовите во Моравија подигнаа бариери за поплави и подготвија вреќи со песок во пресрет на невремето, кое ќе биде придружено со ветрови до 100 километри на час.

Според австриската телевизија ORF, нивото на водата на Дунав би можело да се искачи на нивоа што не се забележани пет до десет години.


Австрискиот канцелар Карл Нојхамер рече дека армијата е подготвена да распореди до 1.000 војници доколку е потребно. Во состојба на готовност се и словачката армија и доброволните пожарникари.

Силно невреме вчера зафати дел од Словенија - словенечките Приморје и Истра, а особено областа Копер, каде состојбата е најтешка поради обилните дождови што паднаа. Имено, во словенечка Истра за само неколку часа наврна повеќе дожд отколку во текот на целото лето.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Еве какви штети има во Иран

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Еве какви штети има во Иран

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи

ЕРДОГАН ДО СИРИЈА: Не се мешајте во конфликтот меѓу Израел и Иран

ЕРДОГАН ДО СИРИЈА: Не се мешајте во конфликтот меѓу Израел и Иран

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца