Европа со јасна порака - Иванов да се предомисли и веднаш да се формира нова влада
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 23:40
Главната порака на Хан и европратениците Едуард Кукан, ИВо Вајгл и Кнут Флекенштајн е веднаш да се одблокираат демократските процеси во земјава со брзо формирање на новата влада која има обезбедено мнозинство со собранието, а исто така Иванов треба да размисли за својата одлука да не го дава мандатот.
- На средбите со претставниците на парламентарните партии искажавме многу јасно до сите лидери во земјата, вклучувајќи го и претседателот, дека мора да го почитуваат исходот од неодамнешните избори. Во демократијата сите мора да го признаат парламентарното мнозинство.
Го охрабруваме претседателот повторно да ја разгледа својата позиција што ургентно. Нема време за губење. Сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократските процеси да течат во земјата што е во интерес на граѓаните. Изгубеното време од изминатите месеци веќе и штети на економијата на земјата. Затоа повикуваме на брзо формирање на нова влада посветена на договорените реформи. Партиите и новата влада се очекува да продолжат со имплементирање на сите делови од нивниот Пржински договор.
Особено ургираме до сите да се воздржат од акции и изјави кои може да ги запалат интер-етничките тензии и да ги поткопаат добрососедските односи. Никој не треба да биде искушен за да си игра со оган. Ние длабоко сме загрижени за тензиите и говорот на омраза. Слободата на собирање и изразување се фундаментални права во демократски општетства, но тие доаѓаат со одговорности.
Мораме да видиме во наредните денови сериозни и одговорни државнички потези од релевантните институции со цел да се овозможи формирање на нова и солидна коалиција. Ова е единствениот начин за да се врати земјата на европскиот пат, што вашите граѓани го сакаат и заслужуваат, стои во заедничкото соопштение на европските претставници.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




