26 Ноември, 2024
0.0267

Европратеникот Ковачев: Заев да се охрабри, изборите во Бугарија нема да ја променат ситуацијата

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонската страна се обидува да најде разни изговори. Бугарските избори немаат никаква врска со нашата заедничка историја. Сите бугарски политички партии се согласуваат - не постои начин да се направи компромис со историјата и јасните историски факти.

Ова го рекол утрово европратеникот Андреј Ковачев за РС Македонија, а пренесува БГНЕС. Според него, „потребна е поголема храброст од страна на премиерот  Зоран Заев“. Договорот за добрососедство и пријателство мора да се спроведе. Ако во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија колегите од Скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на Договорот, рече Ковачев, нагласувајќи: Европската унија постои да не се мразиме едни со други, туку да живееме заедно во целосна толеранција.

„Не можеме да дозволиме младите во РСМ да бидат воспитувани во омраза кон Бугарија. Во текот на последните три децении, ние континуирано демонстриравме добра волја - ние бевме првите што ги признавме како независна држава, го браневме нивниот територијален интегритет, дававме разновидна помош, вклучително и воена помош и ги враќавме на патот на европската интеграција. И, од друга страна, она што го гледаме - тие не се во можност да се разделат од приодите на Тито и не се подготвени да ги отстранат наметнатите поделби од комунистичките режими “, рече европратеникот.

На прашањето дали очекува каква било промена во нашата позиција пред утрешниот состанок во Брисел, Андреј Ковачев кратко одговори: Малку е веројатно дека утре и во следните неколку часа ќе има развој во сегашната состојба, особено со оглед на неуспехотот на последниот состанок на крајот од минатата недела. на Заедничката бугарско-македонска историска комисија.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик