Европратеничката Шулин со поддршка до ВМРО-ДПМНЕ да формира влада
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016
Македонија има јасен победник на парламентарните избори и лидерот на таа партија треба да добие мандат за формирање Влада. Нешто друго ќе биде многу опасно и јасно кршење на волјата на мнозинството граѓани на Македонија.
– Македонија имаше успешен изборен ден, без забележани нерегуларности, што беше нотирано и од страна на ОБСЕ/ОДИХР, а истото потврдено и поздравено и од страна на Европската унија. Тоа е многу важно, па ниту една партија не може да тврди дека изборите биле наместени. Како резултат на тоа, сега Македонците може да започнат со процесот на заздравување и конечно да се стави крај на политичката криза која ја зафати земјата, вели Шулин.
Ова го порача денеска искусната пратеничка во Европскиот парламент, Патриција Шулин, во изјава за МИА. Според Шулин, како што јави дописникот на МИА од европската престолнина, европската демократија не познава победа на избори преку гласови добиени на т.н. „зелена маса“, додека гласачите го направиле својот избор на фер и демократските избори.