27 Ноември, 2024
0.0348

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИЗНАЈМУВАЧИТЕ - ќе добијат ли туристите поголема доверба

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа привремен политички договор за регулатива со која има намера да ја зголеми транспарентноста на полето на краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, кои сочинуваат четвртина од целото туристичко сместување во ЕУ.

„Новата регулатива воспоставува единствен и едноставен сет на правила за информации за платформите и ги олеснува процедурите за регистрација за изнајмувачите“, рече Росана Морило Родригез, вршител на должноста државен секретар на Шпанија за туризам.

Таа додава дека поголемата транспарентност ќе овозможи поголема доверба на патниците, а ќе им помогне на надлежните органи во дизајнирањето на подобри туристички политики за да се обезбеди социјална и еколошка одржливост, а истовремено ќе придонесе за контрола на нелегалните активности.

Предлогот, за кој Советот и Европскиот парламент постигнаа начелна согласност, е ограничен на создавање едноставен систем за регистрација со заеднички одредби за воспоставување процедури за регистрација и не е наменет да го регулира пристапот на пазарот за овие активности.

Привремената политичка спогодба сега треба да биде потврдена, одделно, од двете законодавни институции, Советот и Европскиот парламент, што треба да се случи наскоро. Регулативата ќе почне да се применува две години по нејзиното стапување во сила.

Нови правила за резервации и Airbnb

Дигиталните платформи како Booking.com или Airbnb доживуваат голем успех, но носат и проблеми за локалните заедници, а еден од нив е немањето станови за долгорочно изнајмување по пристапни цени, се наведува. Регулативата за зголемување на транспарентноста во областа на краткорочно изнајмување сместувачки капацитети треба да им помогне на јавните власти да обезбедат рамномерен развој на оваа активност како дел од одржливиот туристички сектор.

Новите правила воведуваат хармонизирани барања за регистрација за станоиздавачите и имотите за краткорочно изнајмување, вклучително и доделување единствен регистарски број што ќе се прикажува на веб-страниците за недвижности и имаат за цел да го подобрат собирањето и споделувањето податоци од сопствениците и онлајн платформите. Генерираните податоци ќе бидат споделени меѓу јавните администрации во ЕУ и ќе бидат вклучени во статистиката за туризмот и ќе им овозможат на администрациите да се борат против нелегалните понуди. Ова генерално ќе придонесе за поодржлив туристички екосистем кој ја поддржува дигиталната транзиција на туризмот, велат од ЕУ.

Според регулативата, платформите ќе треба еднаш месечно да доставуваат податоци за своите активности до јавните органи. Малите интернет платформи и интернет микроплатформите за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети ќе ги доставуваат овие податоци на секои три месеци.

Земјите-членки ќе создадат единствени дигитални влезни точки за непречено собирање и размена на информации. Овие точки ќе бидат интероперабилни и ќе гарантираат заштита на податоците. Новата регулатива, исто така, треба да ја реши актуелната фрагментација на начинот на кој интернет платформите разменуваат податоци и да помогне да се спречат нелегалните понуди на сместувачки единици.

Договорот беше поздравен од Европската комисија. „Туризмот е клучен за нашата економија, а краткорочните изнајмувања се важен дел од туристичкиот екосистем, но тие не треба да бидат на сметка на локалните заедници“, рече Тиери Бретон, комесар задолжен за единствениот пазар.

Пословни.хр

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката