16 Декември, 2025
0.0508

Европски молк за пожарите и барањето на Македонија од февруари, во иднина да увезуваме ѓубре од Европската Унија

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2025 08:50

Добивај вести на Viber

Веста за желбата на Македонија да увезува отпад од Европската Унија не е нова - датира од февруари годинава, кога земјава во друштво на 23 други земји побара да увезува осумнаесет типови отпад, деклариран на листата на неопасен отпад: метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, како и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло. Но, нов е молкот на Европската Комисија сега - неколку месеци подоцна, а откако им испративме прашања поврзани со оваа постапка, со просто прашање: „Дали Македонија може да го управува отпадот на здрав начин, особено по пожарите на депониите“. 

Ова прашање на Фактор следува, бидејќи откако земјите побараа да увезуваат европски отпад, Европската Комисија доби задача да проверува, дали тие можат да го управуваат ѓубрето на здрав начин, за да може да почнат соработка со Унијата. Но, одговор не добивме. 

Ова прашање стои отворено по последните случувања во Скопје, во кои за неколку дена гореа Дрисла и дивата депонија Вардариште, а потоа и складот за електронски отпад во Трубарево. По огнот во „Ф-Групацијата“, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити донесе одлука и да се затвори депонијата за отпад во Никуштак, Липково, со став дека локацијата не ги исполнувала еколошките стандарди.

Меѓу прашањата кои ги испративме до портпаролката на Европската Комисија Паула Пињо, а на кои не добивме одговор, беше и тоа дали провериле, кои од земјите кои поднесоа барања, можат да го управуваат ѓубрето на здрав начин.

Од регионот, освен Македонија, увоз на отпад од Европската Унија побараа и Србија и Босна и Херцеговина. Останатите земји се: Бангладеш, Египет, Ел Салвадор, Индија, Индонезија, Казахстан, Малезија, Молдавија, Монако, Мароко, Нигерија, Саудиска Арабија, Пакистан, Филипини, Сингапур, Тајван, Тајланд, Того, Тунис, Украина и Виетнам.

Досега, од Европа нема никаков политички став за пожарите во Македонија - ниту за оние за кои власта се сомнева дека се подметнати, ниту за оние за кои постојат докази дека се подметнати. Единственото за што од таму ги имаат споменато земјава и пожарите заедно е за тоа дека земји-членки на Унијата и помогнале на Македонија во справувањето со дел од пожарите.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“