18 Декември, 2025
0.2255

Европскиот идентитет во криза, кој ќе гласа на европските избори?

Објавено во: Свет 21 Мај, 2014 13:29

Добивај вести на Viber

  Милиони евра се потрошени во последните години со цел да се се изгради заеднички европски идентитет, но граѓаните на Европската унија и натаму приоритет и даваат на националноста на земјата од која потекнуваат. Американецот секогаш ќе ви каже дека е државјанин на САД и дури потоа може, а и не мора да нагласи од која од сојузните држави доаѓа. Но, од европскиот граѓанин и натаму е речиси невозможно да се очекува дека во некоја прилика ќе се претстави како Европеец. Иако постојат огромни разлики во суштинска, историска, нормативна и хиерархиска смисла при прашањето за уредувањето на овие два клучни политички субјекти, идеите за американското и европското единство често се споредуваат. Тоа во последно време најчесто го прави самата Европска унија. Од почетокот на 2013 година започна интензивна кампања со која на граѓаните на европските земји им се укажува дека е важно да излезат на изборите за членови на Европскиот парламент, закажани за 25 мај. „Ние сме Европејци“ е едно од клучните образложенија со кои се обидува истовремени да се одговори на сите прашања кои би можело да ги постави лице со право на глас во ЕУ. Милиони евра се потрошена за оваа кампања, која на прв поглед треба да ја покаже важноста на изборите, но служи и за да се врати по малку изгубената доверба во европскиот идентитет. Довербата во европските институции западна во криза во моментот кога се потврди дека тие немаат силни механизми за да ги решат економските проблеми на европските граѓани. Европската централна банка во екот на кризата демонстрираше немоќ, еврото загуби дел од својот углед, а обврзувачките правила во областа на трговијата создадоа дополнителни проблеми за националните буџети. За даночниот обврзник од некои од северните, побогати земји во ЕУ европското државјанство не претставува ништо што би побудувало емоции, туку само наведува на мислење дека од парите кои се вложуваат во иднината на сопствената земја, дел ќе отиде во некоја чии граѓани работат помалку у се помалку способни. За даночниот обврзник од некои од јужните земји, пак, претставува право на неуспешни обиди со заеднички средства од европскиот буџет да се решат национални проблеми, но и постојано омаловажување и сместување во групата на „помалку корисни“. Овие поделби се очекува длабоко да се одразат и на претстојните избори во Унијата. Излезноста е најголем проблем на изборите за Европски парламенти веќе неколку циклуси.  

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина