17 Декември, 2025
0.0416

Европскиот совет за вработување на младите ќе издвои 8 милијарди евра

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2013 13:10

Добивај вести на Viber

На првиот ден од Самитот на Европскиот совет во Брисел Шефовите на државите и Владите на земјите-членки на Европската унија се договорија да се издвојат осум милијарди евра за создавање на нови работни места за младите лица.

Првите луѓе на Унијата, заедно со претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј и првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, синоќа се договорија фондовите од Иницијативата за младинско вработување да бидат обезбедени од јануари идната година.

Според планот, предвидено е да се создадат работни програми и да им помогнат на младите да најдат работа во други делови на Европската унија.

„Имавме успешен прв ден од Самитот, вработувањето на младите лица е едн од нашите најголеми приоритети, заедно со зацврстување на банкарската унија и овозможување на економски раст“, појасни претседателот на ЕС, Ван Ромпуј.

Тој објасни дека фондовите за реализирање на иницијативата ќе почнат да работат од јануари 2014 година, а на младите ќе им се овозможи да најдат работа во сите делови на ЕУ.

 Денеска, првите луѓе на земјите-членки на Унијата на агендат ана Самитот на Европскито совет како главна точка го имаат проширувањето и предлогот на Советот за општи работи (ГАК) за потврда на јануари 2014 година како датум кога Србија ќе ги почне официјалните преговори за членство, а наесен Косово да почне да преговара за потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација.

Иако 26 земји се за тоа Србите уште во октомври да почнат да преговараат, поради противење на Германија, ќе се очекува имплементација на договорот Белград-Приштина до Самитот на Советот во декември, кога шефовите на државите и Владите ќе мора повторно да дадат зелено светло за Србија на почетокот на идната година да ги почне преговорите.

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега