Европските кредитори и даваат на Грција 12 милијарди евра до крајот на ноември
Објавено во: Балкан, Економија 26 Јуни, 2015 14:39
Европските кредитори на Грција и понудија да и доделат 12 милијарди евра до крајот на ноември, доколку земјата се согласи на серија реформи и буџетски мерки, пренесоа агенциите повикувајќи се на документот на кој преговараат земјите.
Кредиторите и нудат да и доделат на Атина 1,8 милијарди евра „штом грчкиот парламент го изгласа договорот“.
Збирот ќе им овозможи на Грција да ја избегне несолвентноста, како и да го врати заемот од 1,5 милијарди евра кон ММФ, кој треба да биде платен до 30 јуни.
Во најдобар случај, ако Атина и кредиторите се договорат по предлогот во саботата, грчкиот парламент може да се произнесе во неделата, а германскиот - во понеделникот.
Со документот кредиторите нудат 5-месечно продолжување на спасувачката програма на Грција, во рамките на која се подготвени да и доделат 12 милијарди евра во 4 транши. Основната сума ќе биде преведена во средината на август, пишува во текстот.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




