18 Декември, 2025
0.4076

ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ОТВОРЕНИ ЗА ТУРИЗАМ ДУРИ ОД СЕПТЕМВРИ: Бавната вакцинација го урива оптимизмот

Објавено во: Свет 13 Април, 2021 08:00

Добивај вести на Viber

Додека успехот на масовната вакцинација против Ковид-19 во САД го поттикна оптимизмот за повторно патување со стартот на летото, властите во Европа велат дека забавениот напредок на процесот на имунизацијата, проследен и со новите бранови на мутации на вирусот веројатно ќе значи дека туристичките патувања нема да бидат возможни сè до крајот на летото, посочува во анализата Travel Weekly.

-Не гледам дека се случува нешто во однос на отворање на цела Европа пред крајот на јули, вели Том Џенкинс, извршен директор на Европската асоцијација за туризам. „Постои можност јули да ветува нешто, но повеќето сметаат дека масовни патувања би се случиле во август, септември.

Според него, исклучок може да биде Велика Британија, која е лидер во вакцинацијата во Европа.  Постојат извесни примери како што е Исланд, кога од 6 април дозволи влез на странци, но кои можат да покажат доказ за вакцина или потврда за прележана болест. Грција соопшти дека се надева дека ќе се отвори во средината на мај за вакцинираните патници. И Хрватска ги укина ограничувањата за патување за целосно вакцинирани посетители.

И многумина очекуваат повеќе земји, особено во Јужна Европа, да го следат примерот.

Извршниот директор на Европската комисија за патувања Едуардо Сантандер изјавија дека сегашниот пејзаж на патувања изгледа многу слично како и пред една година.

-Покрај неколку дестинации со релативно стабилна епидемиолошка состојба на југот на Европа, патувањата во суштина се во мирување низ цела Европа“, рече Сантандер. „Многу европски земји воведуваат построги мерки во моментов со надеж дека брзо ќе го запрат третиот бран на инфекции. Добрата вест, рече Сантандер, е дека се чини дека постои политичка волја од страна на членките на ЕУ да донесат дигитален здравствен сертификат за вакцини, тестови за ковид и оние кои прележале ковид со цел да ги отворат границите низ регионот.

Сантандер рече дека се надева дека планот може да биде усвоен до јуни и рече дека постои надеж дека ЕУ и САД можат да постигнат договор за заедничка технологија за вакви сертификати за олеснување на патувањето. 


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина