05 Декември, 2025
0.0308

Пад на економијата на гигантите Франција, Германија, Италија, САД се уште се држи!

Објавено во: Анализа 15 Февруари, 2013 08:30

Добивај вести на Viber

Бруто домашниот производ во еврозоната (EА17) падна за 0.6% , односно за 0.5% во Европската Унија(ЕУ27 ) во текот на четвртиот квартал од 2012 година, во споредба со претходниот квартал, покажуваат последните податоци објавени од Евростат, Заводот за статистика на Европската унија. Во третиот квартал на 2012 година, стапките на раст беа -0,1% во еврозоната и 0,1% во ЕУ. Во споредба со истиот квартал од претходната година,  БДП бележи пад за 0,9% во еврозоната и 0.6% во ЕУ27 во четвртиот квартал на 2012 година. По земји, со пад се соочуваат гигантите Германија – 0, 6 %, Шпанија – 0,7 %, Франција – 0,3 %, Италија – 0,9 %, Португалија – 1,8%, Велика Британија – 0,3%. Од помалите економии Бугарија има раст од 0, 1 %, Чешка пад од 0, 2, Романија пад од 0,2 %. Во текот на четвртиот квартал од 2012, состојбата на БДП во САД е стабилна во споредба со претходниот квартал (по растот од 0,8% во третиот квартал на 2012 година). Во споредба со истиот квартал од претходната година, БДП се зголеми за 1,5% во САД (по 2,6% во претходниот квартал). Во текот на целата 2012 година, БДП падна за 0.5% во еврозоната и 0,3% во Европската Унија. Еве како графички изгледа состојбата со Бруто домашниот производ во последниот квартал на 2012 година.
                                                Стапка на раст на БДП во ЕУ27, еврозоната и САД 
                                                % на промена во текот на претходниот квартал
Извор: Евростат

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?