Евростат објави која земја е најголем губитник од ковид кризата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 15 Декември, 2020
Евростат објави која земја е најголем губитник од ковид кризата на европско тло.
Хрватска има најголемо намалување на платите поради пандемијата на коронавирусот.
На ниво на Европска унија се намалени и приходите на вработените за околу 5 отсто, во однос на приходите реализирани лани, а најлошо според истражувањето на Евростат за влијанието на пандемијата, поминале Хрватите, пишува Вечерњи лист“.
Вработените и оние кои се водат како самовработени во Хрватска останале со 10,6 отсто помал приход. По нив се Грците, Французите и Кипарците, чии загуби се повеќе од 7 отсто. Најмали загуби на приходот имаат Латвија, Унгарија, Данска и Шведска, со тоа што во анализите на Евростат не се вклучени загубите од вториот бран на ковид-19. Најмногу вработени отсуствувале од работа поради боледувања, привремен недостиг од работа или намален број на работни часови. Во ЕУ најголеми загуби на приходи се евидентирани во туризмот и угостителството, минус 16, 8 отсто, а потоа во секторот уметност и забава, минус 10,9 отсто. Во Хрватска учеството на загубениот приход е минус 13 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.