17 Декември, 2025
0.1442

Евростат: Во Македонија има најевтина храна

Објавено во: Економија 16 Јули, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Врз основа на анализата на 500 прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци и тутунот, во последните три години, Евростат оценил дека во Македонија со најмалку пари можат да се купат прехрамбени производи, пренесува Нетпрес. Според статистиката на Евростат државите се рангираат на скапи и евтини земји за живеење, пресметани во однос на европскиот просек. Според истата анализа Македонија е најевтина во однос на сите категории на производи. Конкретно во однос на храната, на пример : цената на лебот, житните продукти, местото и рибата се со најмал индекс, или скоро 50 отсто поевтини во однос на европскиот просек. Индексот за цената на маслото и неговите деривати, овошјето и зеленчукот се движи мегу 49 и 72 отсто во однос на европскиот просек. Во групата на држави кои исто таа имаат низок индекс на цената на храната се и Бугарија, Албанија и Полска. Според статистиката на Евростат, Норвешка и понатаму останува најскапа држава за живеење. Во Европската Унија на прво место е Данска, додека пак во Финска најскапи се пијалоците, а во Ирска тутунот. Анализата е спроведена во 37 европски држави, односно 28 членки на ЕУ, три на ЦЕФТА, четири кандидати за во Европската Унија и две држави потенцијални кандидати.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар