Еврото со најдолга победничка серија во однос на доларот од април 2011 година
Објавено во: Анализа
12 Декември, 2013 10:11
Добивај вести на Viber
Еврото продолжува да расте во однос на доларот во текот на претходниот ден како инвеститорите започнаа да ја избегнуваат американската валута поради неизвесноста околу тоа дали или не федералните резерви следната недела ќе објават план за намалување на програмата за монетарна стимулација.
Британската фунта во текот на вчерашниот ден влезе во корекција во однос на доларот.
Цените на американските акции се во пад втор ден по ред со што S&P500 индексот остварил најголем неделен пад од август оваа година како што договорот меѓу републиканците и демократите околу буџетот ги поттикна шпекулациите дека сепак е можно на овомесечниот состанок на Фед да се одлучи за намалување на програмата за монетарно попуштање.
Цената на златото опаднала во текот на азиското тргување по прилично мирниот вчерашен ден.
Цената на суровата нафта падна во текот на вчерашниот ден во кој извештајот покажа пад на залихите во текот на претходната недела во Америка.
Целата анализа прочитајте ја на следниот
линк
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени