ЕВРОВИЗИЈА НЕ ПОМИНУВА БЕЗ СКАНДАЛИ, „КОСОВО И АЛБАНИЈА СЕ БРАТ И СЕСТРА, МАЈКА НИ Е ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“: Што изјави Албанката по пласманот
Објавено во: Балкан 12 Мај, 2023 11:29
Музичкиот
фестивал Евровизија секоја година е пропратен со некакви скандали. Годинава же
биде запаметен по изјавата на албанската претставничка која синоќа се
пласираше во финалето.
Песната „Дује“ заеднички ја изведуваат Аљбина Кељмендиод Албанија и Фамиља, која е од Пеќ, Косово.
По пласманот во финалето, на прес-конференцијата следеа прашања од новинарите, а по тој повод беше изречена реченица во која се споменува „Голема Албанија“. „Не зборувам добро англиски... Сите сме многу среќни и многу горди на нашите Албанци, на мојата земја...“, рече Аљбина, а следеше прашањето каква е сега атмосферата во нејзината земја.
„Верувам дека таму е лудо. Ние сме иста крв, од иста
националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а имаме мајка која е
Голема Албанија. Веќе ја видовме големата љубов и поддршката што ни ја даваат
деновиве ќе дознаеме кога ќе се вратиме таму“, беше одговорот на Фамиље.
Комплетната листа на финалисти на Евровизија ја сочинуваат: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија. Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




