21 Август, 2024
0.0273

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Објавено во: Економија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Европската комисија одобри државна помош од пет милијарди евра за новата фабрика за микрочипови на компанијата за производство на полупроводници (ESMC) во Дрезден.

ESMC е заедничко вложување помеѓу Taiwan Semiconductor Manufacturing Company (TSMC), Bosch, Infineon и NXP.

„Поддршката за ESMC, одобрена според правилата за државна помош на ЕУ, ќе придонесе за подобрување на европската безбедност на снабдувањето и флексибилноста, како и за дигиталниот суверенитет во полупроводничките технологии. Тоа ќе придонесе и за дигиталната и зелената транзиција“, соопшти Европската комисија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на церемонијата на отворањето на фабриката во Дрезден рече дека новата фабрика ја потврдува Европа како глобална моќ во иновациите, ја зајакнува технолошката отпорност и значи отворање на 11.000 работни места низ Европа. Се проценува дека изградбата на фабриката ќе чини вкупно десет милијарди евра.

Новата фабрика ќе снабдува чипови со високи перформанси и ќе биде „отворен тип“, што значи дека секој клиент, а не само акционерите на ESMC, ќе може да нарачаат производство на специфични полупроводници.

Заменик-претседателката на Комисијата задолжена за политиката на конкуренција Маргрете Вестагер рече дека фабриката „отворен тип“ ќе обезбеди пристап до полупроводници на широк спектар на клиенти, вклучувајќи мали бизниси и стартапи.

На церемонијата во Дрезден присуствуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека полупроводниците се клучни за опстанокот на индустријата и за климатските цели на земјата.

Шолц ја нагласи важноста од зголемување на производството на чипови во Германија за да се намали зависноста на Европа од другите во рамките на глобалниот синџир на снабдување.



Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања

МАЛКУ ПО МАЛКУ, БРАЌАТА СЕ ДОБЛИЖИЈА ДО 19 ОТСТО, АЗМАНОВ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА - сопственички промени во „Реплек“

МАЛКУ ПО МАЛКУ, БРАЌАТА СЕ ДОБЛИЖИЈА ДО 19 ОТСТО, АЗМАНОВ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА - сопственички промени во „Реплек“