21 Август, 2024
0.0235

Кој ќе седне во врелата фотеља на ЕСМ, и како ќе ја вади од калта најголемата државна фирма која од столб на државниот буџет стана негова голема дупка?

Објавено во: Економија 20 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Дали нуклеарниот потенцијал на регионот што го знаеме како Чебрен ќе биде спасот за најголемата државан фирма, а воедно ќе донесе долгорочна енергетска стабилност и евтина енергија за Македонија? За да се снесе тоа јајце треба знаење, визија, мудрост и што е најважно чувство дека сега е моментот. Секој што и мисли добро на Македонија, а се разбира во оваа проблематика знае дека сега е моментот

Директорското место во најголемата државна фирма ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) веќе не е една од најпосакуваните менаџерски позициии во државата. Поголем аргумент за тоа не треба од фактот дека повеќе од 70 дена Владата не поставува нов управен одбор во најголемиот државен производител на електрична енергија во Македонија.

Овој период на исчекување наведува на заклучок дека состојбата во најголемата државна фирма е толку сложена и тешка што е потребно време објективно и од повеќе аспекти да се согледа колку недостига, што треба приоритетно да се закрпи, исчисти или исправи за да се одбере правец во кој ќе се продолжи со работа. Сите наводи и информации водат кон заклучок дека ЕСМ веќе нема да може да продолжи по правецот по кој досега се водеше. Односно веќе нема да може проблемите да туркаат „под тепих“ и постојано да се бараат пари од централниот буџет.

Клучниот проблем на компанијата е тоа што има силно изразен диспаритет меѓу продажната и производната цена на електричната енергија што ја произведува оваа компанија. Народски кажано, производната цена „топтан“ е повисока од цената по која компанијата ја продава струјата. Но сега веќе тоа не е заради политичко-социјални причини односно затоа што државниот врв така бара. Така било порано. Сега веќе производните процеси се ниско ефикасни во таа мерка што создаваат загуба во супстанца. Ова важи за двата најголеми производствени капацитети РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“. Заеднички им се неколку работи: погонско гориво им е јагленот во комбинација со мазут, двете се речиси целосно амортизирани и подложни на постојани ризици од испади на производството, за двете нема доволно квалитетен јаглен од домашно производство. И кај двете има превработеност или лош распоред на работни задачи со тоа што дел од колективнот е преоптоварен, а дел има многу малку работни задачи. Но суштински проблем е тоа што домашен јаглен нема. Дали навреме не се откривани нови наоѓалишта и затоа сега плаќаме скап и не баш најсоодветен јаглен е тема за геолози и рударски инженери. Ноторен факт е дека години наназад не се водела грижа за трансформација или одржување на конкурентност на овие две термоцентрали. Страшно е тоа што РЕК Битола на хартија има инсталиран капацитет за производство од речиси 700 мегавати. Во последниве пет-шест години успех било сите три блока заедно да произведат 450 мегавати струја во еден час. За ТЕЦ Осломеј и не вреди да се пишува. За таа централа, кога работи, е успех секој произведен мегаватчас.

Сегашната состојба е жална затоа што ЕСМ заради термоцентралите кои се на крај на животен век скапо произведува, недоволно, но и мора да ја продава струјата по цена што на крај на утврдува Владата како акционер. А со таа цена до сега се бркаше популизам. А загубата се покрива од државниот буџет. А тоа не е решение, напротив тоа е втор голем проблем за државниот буџет. Уште една голема дупка втора по големина по дупката што секоја година ја прави државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување.

Според неофицијални информации ЕСМ должи можеби и до 200 милиони евра. Термоцентралите на ЕСМ прават загуба во супстанца, а тоа голем проблем. И бара менување од корен. Ако е така, а веројатно е тоа е голем товар и за државниот буџет. Пред петнаесетина години ЕЛЕМ беше столб на државниот буџет. Сега станува голем проблем за државниот буџет. 

Последните три -четири години пустош што во ЕСМ го остави спрегата СДСМ-ДУИ наскоро ќе биде документиран и од Државниот завод за ревизија. И со таа документација потврда ќе добијат многу претходни текстови на „Фактор“. Особено во периодот на пост – короната и последната енергетска криза во која грст фирми испумпаа милиони евра од продажба на јаглен, мазут, адитиви и што уште не од ЕСМ.

Ова е најблаго речено тоа што го чека новото раководство на ЕСМ. Столчињата во салата за состаноци на Управниот одбор нема да бидат топли туку жешки, а на моменти и врели. Тешко ќе биде да се седи на нив и да се носат одлуките кои мора да се донесат.

Дали е спас за ЕСМ и Македонија нова нуклеарна централа?

Секоја рационален, амбициозен менаџер што знае што сака сигурно за приоритет ќе ја има нуклеаризацијата на ЕСМ. Дали е Чебрен идеална локација за нова модуларна или голема нуклеарна централа. Веројатно да. Факт е дека таму нема доволно вода за рентабилен и самоодржлив систем од хидроцентрали. Но таа вода од реката Црна ќе биде доволна за ладење на реакторите на нуклеарна централа. Нуклеарката ќе го замени во целост и значајно ќе го надмине сегашниот термопотенцијал на ЕСМ. Нуклеарката во комбинација со сите шест големи хидроцентрали нашиот електроенергетски систем ќе го врати високиот углед на мал, но силен и доверлив партнер со семејството на европски електроенергетски системи.

Нуклеарната енергија е движечка сила на целиот силен и развиен свет. Таа е најчист и најевтин извор на струја затоа што со најмали влезни трошоци создава најмногу електрична енергија. Се што треба е да се води особена грижа и будност на системот за суспендирање хаварии. Просто кажано, да се ладат реакторите по пропис.

И со нуклеарката ќе биде комотни да интегрираме во системот зелена енергија, чија ефикасност е многу дискутабилно, но е политички дискурс на европската политичка елита и од тоа нема бегање.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања