21 Август, 2024
0.0249

„ОРКА ХОЛДИНГ“ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСЕДУВА АКЦИИ ВО „ЖИТО ПОЛОГ“ - капиталот го зголеми Тони Јосифовски

Објавено во: Економија 20 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Орка Холдинг повеќе нема акции во мелничко пекарската компанија Жито Полог. Оваа компанија досега поседуваше 5,13 проценти од акциите, но сега тие се продадени и компанијата во ова акцвионерско друштво повеќе нема сопственост.

За сметка на тоа, акционерот Тони Јосифовски, кој досега располагаше со 19,86 отсто од акциите, сега го зголемува својот капитал на близу 25 отсто од акциите. 

Еве какво известување даде компанијата Жито Полог до инвеститорската јавност. 

Акционерот Тони Јосифовски се стекна во сопственост со 2.871обични  акции со право на глас  издадени од Жито Полог АД Тетово, и сега поседува 13.990 обични акции со право на глас што претставува 24,99 отсто од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.

Извршниот директор Сашо Босилков се стекна во сопственост со 403 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово што претставува 0,72 отсто од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.

-Акционерот Друштво за производство, трговија  и услуги ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје продаде 3.274 обични  акции со право на глас  издадени од Жито Полог АД Тетово и  сега не поседува  обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово“, се вели во објавата од Жито Полог.

Според последната состојба од ЦДХВ, пред да настанат овие промени, Орка имаше 5,13 отсто, Тони Јосифовски 19,86 отсто, фирмата Софија Градба 5,13 отсто, Лид комуникејшнс 12,51 отсто, Нефроплус Медикал има 19,85 отсто, Ненад Јосифовиќ 12,47 отсто и самиот Жито полог поседува сопствени акции од 20,6 проценти.

Сега таа состојба е сменета и Орка Холдинг веќе не поседува акции во компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања