21 Август, 2024
0.0313

МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА ИЛИ РАБОТНИЦИТЕ ЌЕ СИ ЗАМИНАТ: ССМ бара итно зголемување на платите

Објавено во: Економија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија заостанува со платите во однос на регионот. Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) бара минимална плата од 450 евра. 

ССМ ја повика Владата да го исполни ветувањето за минимална плата од 450 евра, кое според најавите треба да се случи во првите 100 дена од мандатот.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов е оптимист дека ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски.

„450 евра не само што е реалност туку и неопходно, особено поради тоа што ние укажувавме цело време дека додека ние разговараме, дали треба да се зголеми минималецот во Македонија, државите од регионот го зголемуваат со забрзано темпо. Прашувам јавно зошто цените се зголемуваат иако платите на вработените не се зголемуваат оваа година поради изборите? Прашувам експертите да ни одговорат и нас и на работниците и на граѓаните и на пензионерите кои пазарат во маркетите зошто цените растат и никој не води грижа и контрола да го заузда ваквиот неоправдан раст?“ рече Трендафилов.

Првиот човек на ССМ вели дека сите треба да ги загрижува тоа дека работниците може да си заминат од земјата.

Минималецот во Црна Гора стана 600 евра за оние со средно и 800 евра за оние со повисоко образование, во Бугарија е 500 евра, во Србија исто е 500 евра, во БиХ идентично, 500 евра. 

На едно четиричлено семејство за основни трошоци месечно му требаат 61.199 денари. 

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

ИМААТ ПОДДРШКА ОД ПУТИН: Азербејџан поднел барање за членство во БРИКС

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

СТАТИСТИКА: Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на ЕУ

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

Првиот блок на РЕК Битола со трет испад за 40 дена, за испадот е обвинет МЕПСО

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

НОВ ПРЕСВРТ: цените на нафтата паѓаат поради очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Фабрика доби субвенции од 5 милијарди евра од ЕУ

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања

Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања

МАЛКУ ПО МАЛКУ, БРАЌАТА СЕ ДОБЛИЖИЈА ДО 19 ОТСТО, АЗМАНОВ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА - сопственички промени во „Реплек“

МАЛКУ ПО МАЛКУ, БРАЌАТА СЕ ДОБЛИЖИЈА ДО 19 ОТСТО, АЗМАНОВ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА - сопственички промени во „Реплек“