20 Декември, 2025
0.0617

Фабрика Карпош со решенија за поквалитетен живот

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2017 14:44

Добивај вести на Viber

Живот во главниот град со сите негови поволности, а без штетните влијанија – ова е мотивот за раѓањето на Александрија, новата населба во Скопје. Се работи за населба лоцирана на само 4,5км од центарот на градот, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае. Заинтересирани за деталите на овој проект, зборуваме со Александар Стефанов, проект менаџер на Александрија и член на Управниот одбор на Фабрика Карпош.

1. Најавивте детално претставување на Александрија и нејзините содржини на претстојниот Саем на градежништво - што можат да очекуваат посетителите на саемот?

Да, тимот на Фабрика Карпош ќе биде лоциран во хала 1 во Метрополис Арената, од 28.02 до 04.03. Ќе претставиме зошто Александрија е идеалниот избор со сите еколошки, економски и социјални бенефити, како една алтернатива на скопската реалност, уникатна населба каква на Скопје одамна му недостасуваше.Ќе ја претставиме и 5-та зграда во рамките на населбата, Атриа, со која што ќе понудиме нов, уште повисок стандард на домување. Ги покануваме граѓаните да го посетат нашиот штанд и да се информираат за предностите од живеењето во ваква населба, а сите кои што ќе ја изберат Александрија за нов дом ќе добијат многу попусти и награди.

2. Кажете нѝ нешто повеќе за Александрија, какви содржини вклучува проектот?

Александрија е лоцирана на само 4,5км од центарот на Скопје, ќе се простира на површина од 150.000м2, со вкупна изградена површина од 500.000м2. Населбата има веќе постоечка здравствена, социјална и трговска инфраструктура, а предвидена е и дополнителна урбанизација на просторот. Во рамките на Александрија планирани се станбени згради, градинка, булевар, болница, и многу други содржини неопходни за квалитетен  живот на станарите. Исто така би сакал да нагласам дека посветивме внимание и на партерот помеѓу зградите каде што ќе поставиме зелени површини, содржини за деца и простор за социјализација на жителите на населбата.  

3. Што ја прави Александрија поразлична од другите населби во Скопје?

Близината на реката Лепенец, најсовремените методи на градење, еколошките материјали, енергетската ефикасност и пријатната микроклима ја прават Александрија уникатна населба, различна од сè друго што било понудено до сега. Реката Лепенец е главен извор на свеж воздух во Скопје бидејќи  главната струјница од ружата на ветрови во градот доаѓа токму по нејзиното течение преку Качаничката клисура, со што му обезбедува на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. Голем дел од градбите во Александрија ќе имаат и своја зелена површина на кровните површини како и на дел од терасите и останатите заеднички простории. Особено внимание посветивме на тоа да ги решиме недостатоците кои што се појавуваат во другите населби, како што се мали и несоодветни растојанија помеѓу објектите и инфраструктура со недоволен капацитет. 

Дополнителна предност на оваа населба е исклучително консолидираното земјено тло кое што обезбедува максимална стабилност на градбите. Александрија ќе понуди квалитетен живот за станарите и преку постигнување максимална енергетска ефикасност и минимална загуба на топлина на што е посветено најголемо внимание при проектирањето. Жителите на оваа населба ќе добијат греење и ладење преку топлотни пумпи, кои покрај тоа што се поеколошки, на жителите им заштедуваат до 30% трошоци во споредба со другите решенија. Сите овие мерки придонесуваат кон подобар квалитет на воздухот, заштита на биолошката разновидност, намалување на оперативните трошоци, подобрување на продуктивноста на луѓето, како и подобрување на општото здравје и удобноста.

4. Како дојдовте до идејата за Атриа? Што ќе понуди таа за идните станари?

Сите еколошки, економски и социјални предности кои што ги носат градбите со атриум совршено се совпаѓаат со концептот на Александрија, па оттаму дојде и идејата за Атриа како 5-та зграда во составот на населбата. Максимално сме посветени на квалитетот на животот на идните станари и сакаме да им овозможиме едно поинакво доживување на животот во Скопје.

Атриа ќе биде објект во кој ќе внесеме микро еко-систем со внесување на зеленило во самата зграда. Средишните простори ќе бидат отворени со атриум, и ќе имаат стаклен кров како извор на природна светлина. Објектот ќе биде збогатен со зелени градини по целата висина на внатрешниот простор, кои ќе му дадат една убава форма, а на станарите ќе им дадат чувство на живот во природа. Овие зелени градини се предвидени за заедничка употреба со што ќе го подобрат социјалниот живот во објектот. 

Во Атриа како дел од Александрија ќе понудиме 70 одделни единици од кои 1/3 ќе биде наменета за деловен простор, а остатокот за приватни станови, распределени на приземје, 6 ката и поткровје. Во јуни ќе започнеме со изградба, а очекуваме веќе од септември и оваа зграда да биде подготвена за вселување.

5. Како се одвива проектот во моментов? Кога е планирано вселувањето во новите згради?

Проектот се одвива одлично, првите две згради се веќе во завршна фаза на градење и ќе бидат вселиви во септември. Третата и четвртата зграда се во фаза карабина, а ќе бидат вселиви до крајот на годината. Паралелно со ова го подготвивме и проектот за целата сообраќајна инфраструктура околу зградите во населбата. Веќе 70% од становите во првите две згради се продадени. Очекуваме дека посетителите на саемот ќе ги искористат поволностите што ги овозможивме и ќеобезбедат квалитетен дом за себе.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии