05 Декември, 2025
0.0288

Фабрика за милионери

Објавено во: Анализа 02 Ноември, 2012 09:03

Добивај вести на Viber

Овој период најмногу се зборува за рецесии и за кризи. Целиот свет трепери од информациите кои доѓаат од Европа и слабото опоравување на САД. Сепак на милионерите во таму им оди одлично. Барем според проценките на Credit Suisse. Според нивните истражувања Соединетите Американски Држави во 2017 година би требало да имаат околу 17 милиони, милионери. За милионер се смета онаа личност на која неговата лична актива намалена за обврските е поголема од еден милион долари. Секако оваа бројка постојано може да се ревидира и евентуален надолен тренд на берзите може нагло да ја смени бројката, но сепак резултатот е фрапантен. Со население од околу 310 милиони жители, 17 милиони милионери е исклучително голема бројка. Имајќи во предвид дека во САД 15% од населението живее во сиромаштија, станува јасно дека во оваа земја може да ги видите сите контрасти на модерниот капитализам. Во продолжение на истражувањето се вели дека Северна Америка како целина во моментов има преку 40.000 жители кои поседуваат богатство од повеќе од 40 милиони долари. Со овие податоци може да се дојде до заклучок дека САД ќе го имаат уште долго време приматот на земја со најбогати луѓе. Дури и ако се вкалкулира огромниот потенцијал на Азија, таа ќе има 50% помалку милионери од најбогатиот континент. Оваа информација наиде на одобрување на оние кои сметаат дека нееднаквоста е најголемиот проблем на САД. Од друга страна богатите велат дека оваие бројки се пренапумпани и дека кризата ги погодува и нив. Сепак и покрај тоа што на економијата не и оди најдобро, делува дека САД и тоа како знае да произведува милионери. Р.Ф.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?