20 Декември, 2025
0.0475

Фабриката Карпош го прославува својот 65. роденден

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2013 13:02

Добивај вести на Viber

Најстарата градежна компанија во Македонија фабрика Карпош АД Скопје прославува 65 години постоење. По трансформацијата од мала работилница со скромен производен потенцијал, денес е водечка компанија за производство и монтажа на префабрикувани елементи од бетон. Фабрика Карпош и денес важи за водечки производител на бетонски и армиранобетонски префабрикувани елементи за градежната индустрија,како што се бетонски столбови за далеководи, префабрикувани елементи за високоградба, бетонски прагови за железница како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачкка, како и комплетна испорака и монтажа на истите. Исто така фабрика Карпош е производител на елементи за урбана опрема за партерно уредување, тротоари, паркинзи, монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Дополнително дејноста ја проширува на проектирање и производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупно панелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, трафостаници, армирано бетонски цевки и други производи од бетон. Фабриката во последниот период со набавка на градежна опрема и механизација ја прошири својата дејност во делот на изградба на објекти од нискоградбата, а пред се во делот на припремата и асфалтирањето на улици и патишта. Развојот на фабрика Карпош се должи на три основни принципи: специјализирани производи, постојана модернизација и усвојување на нови технологии и квалитетни истражувања. Фабриката Карпош во последните 5 години континуирано го проширува својот асортиман на производи од бетон и од армиран бетон за градежништвото, постепено подобрувајќи ги производите благодарение на своите стручни кадри, усвојувањето на нови современи технологии на производство и соработката со Градежниот факултет и со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. Фабрика Карпош денес брои повеќе од 200 вработени.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии