„Facebook Messenger“ ја доби бројката од 500 милиони корисници
Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2014
Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека нејзиниот нов сервис за пораки Messenger сега има повеќе од 500 милиони корисници.
Бројот на луѓето кои ја користат посебната апликација Messenger стана повеќе двојно поголема во однос на април, кога биле 200 милиони.
Фејсбук се соочил со критиките откако објавил дека ќе ги поттикне корисниците да ја преземат оваа апликација дека би можеле да пратат приватни пораки на пријателите преку главниот Фејсбуков сервис.
На корисниците им е сугерирано да ја преземат оваа апликација од јули, иако таа е претставена уште во 2011 година.
Компанијата тврди дека се овозможува и побрза комуникација со употреба на видеата, со објавување нателефонските повици и „четување“.
Фејсбук бил изложен на критики на корисниците кои се незадоволни поради тоа што мораат да го напуштат сајтот за да праќаат пораки.