„Фајненшл тајмс“: Грција се подготвува да објави банкрот
Објавено во: Балкан, Економија 14 Април, 2015 10:06
Владата на Грција се подготвува да прогласи банкрот, ако не успее да постигне договор со доверителите до крајот на месец април, објави „Фајненшел тајмс“. Медиумoт се повикува на извор запознаен со плановите на грчките власти.
Засега се замрзнати 2,5 милијарди евра, со кои ќе бидат исплатени доостанатите рати кон меѓународниот монетарен фонд за мај и јуни, под услов да не се дојде до договор.
„Стигнавме до крајот на нашите можности. Ако Брисел не ни обезбеди средства од фондот за финансиска помош, нема алтернатива за банкрот“, изјавил висок грчки службеник.
Според изданието, предупредувањето за прогласување на банкрот може да е дел од тактиката на Ципрас во преговорите со доверителите за да добие максимално поволни услови. Ако сепак дојде до крајната мерка, тоа не значи автоматски излез на земјата од еврозоната.
Ситуацијата сепак ќе се усложни ако Атина одбива да ги плати долговите, тогаш нејзиното останување во еврозоната ќе биде невозможно. Следните исплати на Грција се во износ од 2,5 милијарди евра - 203 милиони евра до 1 мај, 770 милиони евра до 12 мај и 1,6 милијарди евра во јуни.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




