Фајзер на ривалите им дава 2,85 милијарда долари за лек против рак
Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2014
Американската фармацевтска компанија Фајзер (Pfizer) денеска соопшти дека е подготвена да плати 2,85 милијарда долари за дел од законот за иновативно лечење на рак, кое моментално го развива ривалската германска компанија „Merk KGaA“.
Фајзер прво би платил 850 долари на германската фирма и подоцна уште две милијарди доколку добро ги поминат клиничките испитувања на молекулот MSB0010718C.
Тој молекул му припаѓа на новиот вид антитело под името „anti PD-L1“ кој би бил ефикасен за лечење на различни видови рак. Засега тој молекул е во првата фаза на испитување.
Фајзер и „Merk KGaA“ се договориле да ги делат финансиските трошоци за развој на лекот и подоцна потенцијалните приходи.
Тие две фармацевстки компании следната година ќе соработуваат во 20 амбициозни истражувачки програми со проучување на ефикасноста на новиот молекул.
MCB0010718C се испитува за лечење на рак на белите дробови и јајниците. Подочна ќе се тестира за лечење на меланомот рак на кожа.
Фајзер чие седипте е во њујоршкиот квартал Менхетен, е познат по производство на лекови -астровастатин за намалување на холестеролот во крвта, прегабалин против невропатска болка, вијагра против импотенција, антибиотици и анти-воспалителен лек целебрекс.
„Merk KGaA“ или познат како германски Мерк е основан во Дармштат во 1668 година, што го прави најстара хемиска и фармацевстска компанија на светот.