20 Декември, 2025
0.0389

ФАЈЗЕР ПАК ЌЕ ВИ ГИ ЗЕМЕ ПАРИТЕ, ОВОЈ ПАТ ПРЕКУ ВИАГРА: Шансите да станете импотентни по прележување на вирусот се шест пати поголеми, предупредува д-р Беќаровски

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2021 09:03

Добивај вести на Viber

Професорот Нико Беќаровски, повикувајќи се на истражување објавено во National Geographic, посочува дека прележувањето на Ковид-19 има големо влијание на машкото сексуално здравје.

Во неговата објава на Фејсбук предупредува дека Фајзер секако ќе има добивка, или од вакцината или од таблетите Виагра кои ја зголемуваат сексуалната потенција.

-Почитувани мои БАЛКАНЦИ,

Ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, Pfizer пак ќе Ви ги земе парите, овој пат преку Viagra.

Шансите да станете импотентни по прележување на Covid-19, Ви се ШЕСТ пати поголеми !!!!

П.С. вирусот го напаѓа и срцевиот мускул и шансите по конзумирање на вијагра да завршите во болнички кревет, Ви се далеку поголеми отколку во посакуваниот.

Во истражувањето, како што наведува National Geographic, меѓу списокот на заболувања, сè повеќе докази сугерираат дека КОВИД-19 може да го саботира сексуалното здравје на мажите. „Откривме дека мажите кои претходно ги немале овие проблеми развиле прилично тешка еректилна дисфункција по инфекцијата со КОВИД-19“, вели светски познбатиот уролог Ранџит Рамасами, кои со своите колеги од Универзитетот Флорида, во Клиниката во Мајами го спровеле истражувањето.

Мажите може да имаат шест пати поголема веројатност да развијат кратка или долготрајна еректилна дисфункција по заразувањето со вирусот, според истражувањето објавено во март. Други студии документираа низа здравствени проблеми по инфекцијата кои влијаат на сексот: неможност да се има или да се одржи ерекција, оштетување на тестисите, болка или оток на тестисите, неможност да се постигне оргазам, ниско ниво на тестостерон и проблеми со менталното здравје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки