23 Ноември, 2024
0.0691

Фактор анализа: Можете ли да замислите колку пари се потребни за одговор на коронавирусот

Објавено во: Економија 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Лекции за оптимизам држат некои случувања во најразвиените економии во светот кои ургентно направија пакети стимулативни мерки како одговор на лошиот ефект на пандемијата на коронавирус. Ова секако не значи дека нема да има криза, но овие случувања се вредни за анализа па и за креирање чувство за надеж. Македонската економија ќе биде значајно афектирана од овој здравствен проблем и домашните експерти сигерираат земјава итно да изгради сопствена, сеопфатна и структурирана програма за справување со економските последици од коронавирусот.  Фактор анализира што направија САД и најразвиените европски економии досега. А тие потези носат позитивни чувства дека и покрај тоа што криза ќе има, администрациите можат да имаат и соодветен одговор на тоа.

Американците го добија најголемиот економски стимулативен пакет во својата историја 2 трилијарди долари или 2.000 милјарди долари, за што Сенатот веќе даде позитивно мислење. Останува дебатата во Претставничкиот дом и усвојувањето. Сепак договорот веднаш ги размрда пазарите па Њујоршката берза го забележа најголемиот раст некогаш во историјата.

Професорот на Економскиот факултет Владимир Филиповски за Фактор вели дека монетарната и фискална политика на САД се обидуваат на краток рок, со самото објавување на досега незамисливи пакети на поддршка, да ја спечат спиралата на негативни очекувања, т.е. песимизмот на потрошувачите, бизнисмените, инвеститорите, предизвикани од епидемијата на КОВИД 19.


„Првите реакции вообичаено се на пазарите на хартии од вредност, берзите. Цените на американските акции, кои во последниве месец-два станаа екстремно нестабилни (волатилни). Непосредно по објавата на пакетите на монетарни и фискални стимули, берзите реагираат со пораст, но по два-три дена пак се во црвено. Трендовите се опаѓачки, иако со многу осцилации горе-долу. Но, од фундаментална  односно подолгорочна важност е не дали, туку колку длабока и долга ќе биде надоаѓачката рецесија. Само до пред два месеци, индикаторите покажуваа дека американската економија беше во многу солидна „здравствена состојба“. Но, деновите се случува остар раст на бројот на лица кои аплицираат за помош за невработени (3,2 милиони во последната недела), што е лош знак. Веќе има проекции дека следат негативни квартални стапки на економки раст, вели професорот Филиповски.

Што содржи тој пакет стимулации? Кредити за индустријата од 500 милијарди долари. Авиоиндутријата ќе добие 29 милијарди во грантови и 29 милијарди во заеми и гаранции со цел да и се помогне во период во кој поради забраните за патувања се најде на сериозен удар.

Здравствените домови ќе добијат 100 милијарди долари грантови кои ќе бидат наменетиза борба против корона вирусот но и како компензација за сите здравствени услуги кои се откажуваат во моментот се со цел сите расположиви ресурси кои ги имаа да се стават во борба против пандемијата.

Државите и локалните власти ќе добијат 150 милијарди се со цел поуспешно да се справат со зголемениот број на невработени и со цел да се обезбеди соодветна социјална заштита.

Пентагон ќе добие 10,5 милијарди долари за да го зголеми бројот на резервисти за 20.000 ставени во функција на државата за борба со корона вирусот и дополнително за медицински истражувања.

Невработените ќе добиваат екстра 600 доларимесечно  во следните четири месеци за да се доближат до износ од 100 отсто од нивните плати, а помош од 2.400 долари ќе добијат и семејствата со приходи помали од 75.000 долари. Мерките ги опфаќаат и фармерите, производителите на храна, училишната заштита.

„Сето ова е со цел да се „пресретнат” негативните економски ефекти кои корона вирусот ќе ги има врз Американската економија. Предложените мерки треба да го ублажат бројот на отпуштени работници. Преку кредитите кои се одобрени да ја подобрат ликвидноста на компаниите во овие специфични опкружувања и да се избегнат банкротирања на компании, вели Лазе Камчев, директор на Генерали инвестмент во Македонија.


Тој вели дека и Европа од друга страна преку ЕЦБ усвои план од 750 милијарди евра за помош на земјите членки.

„Она што е различно во Европа во однос на Америка е тоа секоја земја ќе „моделира” свој сет на дополнителни економски мерки со кои ќе се бори против негативните економските појави. Тоа секако во голема мера ќе зависи од финансиските капацитети на секоја земја поединечно. Со оглед на тоа што се очекува целата работа со пандемијата да се стабилизира и да почне да се намалува во следните два месеци, се очекува предложените мерки да дадат резултат. Секако дека надлежните институции ја следат ситуацијата постојано и носат одлуки кои се прилагодени на моменталните случувања, додава Камчев.

Се согласува и Филиповски кој вели дека ниво на ЕУ, практично се разлабавуваат уздите на фискалната строгост, преку олабавување на придржувањето кон фискалните правила од Пактот за стабилност и раст.Тој тврди дека сме пред портите на една можеби најглобализирана рецесија до сега.

„Тоа секако е лоша вест и македонската економија. Така што, во општ интерес на македонската економија е стумулативните пакети, и во САД и во ЕУ и во другите „глобално важни“ економии (Кина), да се покажат успешни во спречувањето на длабока глобална рецесија. Деновиве гледаме дека е можно ЕУ да ни овозможи некои средства како ургентна помош. Но сепак, сето ова ни најмалку не ја ослободува нашата земја од потребата да си изгради сопствена, сеопфатна и структурирана програма за справување со економските последици од коронавирусот, вели професорот Филиповски.

Македонската Влада предложи некој пакет мерки за најпогодените компании, но бизнисот смета дека тоа најверојатно нема да е доволно.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи