21 Април, 2025
0.0294

ФАКТОР АНАЛИЗА: Две фирми наплатиле 35 милиони евра од изградбата на пругата кон Бугарија

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2024 09:18

Добивај вести на Viber

Дека нешто се работело на изградбата на пругата кон Бугарија, како дел од проектот за поврзување преку коридорот 8, покажуваат финансиските активности на изведувачите чии фирми во 2022 беа ад-хок формирани за работата на овој проект.

Подружница на австриски „Штрабаг“ и подружницата на турски „Гулермак“, регистрирани за изградба на железницата, наплатиле приходи од вкупно 35 милиони евра за оваа активност во текот на минатата година. Двете фирми се изведувачи кои во 2022 беа избрани и го потпишаа договорот со јавното претпријатие за железничка инфраструктура, додека финансирањето оди главно преку Европската банка за обнова и развој.

Наменски отворената подружница на „Штрабаг“ во својата прва година на целосно работење, според податоците на „Централен регистар“, остварила приходи од 20 милиони евра во 2023. Тие се за 442 отсто поголеми во однос на една година претходно. Загубата од минус 33.264 денари е минимална во првата целосна година на работење, а бројот на пријавени работници е непознат.

„Гулермак“ има пријавени приходи од 14,8 милиони евра, кои се зголемени за 1.998 отсто. Пријавена е загуба за 2023 од 640.000 евра. Евидентирани биле 161 работник, но и задолжување од 8 милиони евра.

Од работата на делницата Куманово - Бељаковце, според објавениот бизнис-план на МЖ Инфраструктура, до крајот на 2023 биле завршени 70 отсто од рехабилитацијата и изградбата. Досега за двете фази од оваа делница биле потрошени 52,5 милиони евра со помош на кредитирањето од ЕБОР.

За втората делница Бељаковце - Крива Паланка, од 2022 кога се потпишани договорите со двата изведувачи, потрошени се 21 милиони евра, од кои дел се кредит, а дел грант од ЕБОР., според она што го пишува во бизнис-планот на јавното претпријатие.

За последната делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која е најскапа според бизнис планот, обезбедени се 385 милиони евра од неколку кредитори, но во 2023 немало градежни активности во оваа фаза и договорите со изведувачите треба допрва да се потпишат. На крајот на 2023 беше објавен тендерот за избор на изведувач на третата делница, а во тек беше процесот за избор на надзорен инженер и на консултант за техничка помош на инвеститорот (ЖРСМ Инфраструктура).

- Железницата и натаму останува главен двигател на економијата, па затоа фокусот за иднина се инвестициите во модерна железничка мрежа. Инвестираме во нејзината модернизација, а градбата на Коридорот 8 претставува вистински архитектонски предизвик. До 2030 година ќе биде готова и пругата кон Бугарија, финансиите во висина од 780 милиони евра се целосно заокружени, гласи последната изјава во април на Зоран Трифуновски, директорот на МЖ Инфраструктура.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

БРИТАНЦИТЕ ОТВАРААТ ТАЈНИ ПОГОНИ: Развиле нови методи за производство на експлозиви, воената индустрија ја презема работата во свои раце

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

КРАЈ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ АВТОМОБИСКИТЕ ЏИНОВИ: Мерцедес брише два модели, ги прекина сите врски со Рено

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“