02 Јуни, 2023
0.0242

Фактор анализа: ТОП 50 - најголеми македонски фирми - производители

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Дури половина од најголемите македонски производствени компании имаат силно изразена или доминантна извозна компнонента. Во најголемите производни капацитети според приходите лани најбројни се гринфилд инвестициите кои се супортери на глобалната автомобилска индустрија. Во најголемите 15 производствени компании само 4 се во доминантна сопственост, а од најголемите 50 производители приход еднаков или поголем од 100 милиони евра имаат вкупнo 11 друштва

Најголемите 50 производствени компании во Македонија, од кои најголем дел се доминантно или изразено извозно ориентирани, создале приход поголем од 5,2 милијарди евра, покажуваат официјалните податоци од анализата на „Фактор: Топ 50 компании за производство“, според официјалните податоци од базата на Централниот регистар. Овој податок сам за себе говори и повеќе од доволно за структурата и концентрацијата на македонската економија.

И лани убедливо најголема и неспоредливо најуспешна (според профитот изразевн во апсолутни бројки, е „Џонсон Мети“ светскиот производител на катализаторски системи неопходни за современата автомото индустрија. Во најголемите 15 македонски производствени фирми дури шест се гринфилд инвестиции од областа на автомобилската индустрија.

Во најголемите пет производители има една домашно поседувана фармацевтска компанија, тоа е македонската гордост скопски „Алкалоид“. Во најголемите десет производствени компании има уште една голема домашно поседувана челична индустрија – ИГМ Трејд на кавадаречкиот бизнисмен Илија Гечев. Во најголемите десет домашни производители се топилницата за никел и други обоени метали Еуроникел Индустрис (поранешен ФЕНИ) скопската челичарска леарница „Макстил“ и единствената македонска цементарница „Усје“.

Во оваа група на најголеми десет компании кои имаат приход од 100 милиони евра се и Пивара Скопје и единствената македонска компанија за производство на акумулатори Таб Мак од Пробиштип.

Во групата на најголеми 20 производители своето место го најде и најголемата македонска прехранбена индустрија „Витаминка“ од Прилеп како и најголемата текстилна компанија од истиот град „Комфи-Ангел“. Тука е и најголемиот македонски производител на пластични профили и цевки од Гевгелија „Конти Хидропласт“ како и најголемата компанија за тутун и цигари „Алајанс Уан“ чие седиште е во Кавадарци.

Подолу е листата на која се наоѓаат најголемите 50 компании за производство.

*Костал Македонија во 2022 година има приход од 118,4 милиони евра и според тој параметар е во најголемите 10 производствени компании, но не е рангирана затоа што годината ја заврши со загуба. Исто како и тетовската компанија Леар Цорпоратион. На листата не се рангирани компании кои 2022 година ја завршиле со негативен финансиски резултат;

** Во рангирањето не се вклучени рударските компании согласно со националната номенклатура на стопански дејности;

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ - Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

ХАЈРЕДИНИ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА БЕСИМИ - Поддршката за струјата ја плаќаат граѓаните

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки