05 Декември, 2025
0.2023

ФАКТОР ДО УСПЕХОТ НА „ВЕЗЕ ШАРИ“: Вмреживме пари и памет на едно место!

Објавено во: Агробизнис 21 Декември, 2014 08:17

Добивај вести на Viber

Поддршката на банките во агробизнисот преку поволни кредити е клучна алка за развојот на овој сектор. Достапноста на кредитините линии со поволни услови е важно за инвестирање во нови технологии, иновации и проширување на производството. Според агробизнисмените трката со конкуренцијата и модернизацијата на производството, бара вложување на големи суми пари, што не може да се постигне без добра поддршка од банките. ПроКредит банка важи за една од ретките која години наназад им озвоможува на земјоделците и агробизнисмените поволни кредитини линии за инвестиции во производството. Добрата финансиска услуга, полесен пристап до кредити и поволните каматни стапки, се само дел од поволностите што ги нуди ПроКредит банка за кредитирањето во агро-секторот. Тоа го потврдуваат и бизнисмените. Неодамна ПроКредит банка на 14 најпроактивни агробизнис претприемачи  им додели награди, односно саемско патување на еден од најголемите агро саеми во Европа- Fruit Logistika, во Берлин каде ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови во агро бизнисот и да оставарат бизнис контакти за меѓународна соработка и можен пласман во странство. Еден од наградените бизнисмени е сопственикот на компанијата “Везе Шари” и “Лекер”, Арбен Абдурахмани. “Везе Шари” е најголем производител на јајца во земјава. На пазарот важи за една од најиновативните компании. 1VEZE Во текот на 13 години постоење, во оваа компанија постојано се инвестира во технологии и знаења. Искуството и начинот на работа во Германија, Абдурахмани вешто ги применил и на македонско тло. Во 2002 година ја отвора “Везе Шари”, првично со 120.000 кокошки несилки и 60.000 пилиња. Но бројот на живина постепено го зголемува, за да прерасне во најголем производител на јајца во земјава. Подоцна под лицинцата на брендот “Лекер”, гради погони за производство на сувомеснати производи од пилешко и говедско месо. Капацитетот на производство на живинарската фарма “Везе Шари” е околу 30.000. 000 јајца годишно, а дневното производство во “Лекер” изнесува околу 5 тона сувомеснати производи. Најнова инвестиција на оваа компанија е централата за биогас  “Електро Шари” . veze-sari-gasna-centrala -Благодарение на долгогодишното искуство што стекнав од германскиот партнер, но и сопственото 11- годишно искуство од работењето Германија, уште од старт бевме одлучни за да произведеме  производи со врвен квалитет. Затоа ја инсталиравме најмодерната текнологија во Европа, односно целосно автоматизирано производство.Постојано ги следевме трендовите во овој бизнис. Го истражувавме пазарот и одлучивме да го прошириме нашиот бизнис со преработка на пилешко и говедско месо. Така се роди идејата за изградба на фабриката “Лекер”, каде што исто така не штедевме во инвестициите во врвна техологија за производството. Реализацијата на вакви големи проекти е невозможна без поддршка на банките. Во ПроКредит банка  најдов повеќе од финансиска услуга, односно не само поволни кредитни линии туку едукативна логистика, можност за размена на информации. Ваквиот приод за афирмација и вмрежување е уникатна можност за пробивање на мојот бизнис. За нас секоја информација, споделено искуство, остварен контакт е клучна придобивка за бизнисот, вели Арбен Абдурахмани, сопственик на живинарската фарма „Везе Шари“. Во бизнисот имало падови и подеми, но сите кризи успешно се пребродени Во изминатите 13 години како и сите други компании и оваа фирма се соочувала со предизвиците економските кризи, конкуренцијата како на домашениот така и на странскиот пазар. Имало падови и подеми, но сите кризи успешно се пребродени. Токму во најтешките периоди, кога имале потреба од финансиски средства, ПроКредит банка им излегла во пресрет. VEZE -Во 2013 одлучивме да формираме нова компанија Електро Шари која ќе се занимава со производство на електрична енергија. Тогаш почнавме со изградбата на фабриката и во еден момент дојдовме во тешка ситуација за финансирање на проектот. Уште од 2006 години размислуваме за ваков вид на инвестиција и уште тогаш го купивме просторот за зиградба на објектот. Од тогаш постојано работевме на проектот, собиравме информации за тоа како функционираат  централите за биогас во светот, дали инвестицијата би била исплатлива за нас, како на најдобар начин да функционира. Нашата централа  за биогас ќе користи суровини пред се од изметот на кокошките, остатоците од прерабтките на месо, потоа ѓубре од краварските и свињарските фарми од регионов, комињата од винарниците и целосниот отпад од земјоделски производи. Не е исклучено во иднина да можеме да примаме и остатоци од храна на рестораните, болниците. Ние не бевме клиент на ПроКредит банка. Обртните средства на “Везе Шари” ги потрошивме за новата инвестиција и имавме потреби за  дополнителни средства. Во тој, за нас тежок период ПроКредит банка ни излезе во пресрет. За  само три недели ни одобри кредит и тоа со доста поволна каматна стапка, што лично мене ми беше чудно. Како може една банка  со која никогаш не сме соработувале претходно да ни дава кредит со поповолна каматна стапка од банката со која бевме клиенти  уште од почетокот на основањето на компанијата,  објаснува Абдурахмани.  Се работи за централа со инсталиран капацитет од 999 киловати, која годишно ќе произведува 7,95 милиони киловат-часови електрична енергија, а за тоа дневно ќе троши 50 тони ѓубре. Со изградбата на биогасната централа, живинарската фарма „Везе Шари“целосно ќе го заокружи производниот процес, почнувајќи од производство на еднодневни пилиња, сопствена храна за живината, потоа производство на јајца, па преработка на живинско месо во сувомесни производи, и на крај искористување на изметот од пилињата и отпадоците во производство на струја и добивање висококвалитено биоѓубриво. 2veze_shari_gal1 Производите на “Везе Шари” се познати не само на домашниот пазар, туку рамо до рамо се носат и со конкуренцијата на пазарите во регионот, како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија. Агробизнисменот Абдурахмани вели дека ќе продолжат со инвестициите во бизнисот. -Следењето и имплементирањето на новите трендови во нашата компанија ќе продолжи, ние секако нема да заборавиме и на најважниот елемент,  а тоа е квалитетот. Ако условите за инвестирање во земајава останат како што се и по можност да се подобраат, “Везе Шари” има и други проекти на хартија, за кои ќе информираме пред да почнеме со конкретни чекори, вели Абдурахмани. Планот за развој во следните 10 години е подготвен, компанијата “Везе Шари” со нови идеи за инвестиции продолжува и во годината што следува. Клучна улога во инвестициите и напредокот на бизнисот, секако ќе имаат поволните кредитни линии. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?