20 Декември, 2025
0.0426

ФАКТОР ДОЗНАВА КАКО ДО ПРВАЧИЊАТА СТИГНАЛО НАСТАВНОТО ЛИВЧЕ, но директорката Кирковска упорно молчи

Објавено во: Македонија 10 Април, 2023 08:05

Добивај вести на Viber

Реакциите за наставното ливче кое пред две недели им беше доделено на првачињата во ООУ „Кирил и Методиј“, а на кое се претставени двајца таткови и дете, за што Коалицијата за заштита на децата, како и многубројни граѓани сметаат дека се врши ЛГБТИ+ индоктринација на првоодделенците во тоа училиште, се вжештуват уште повеќе. Гневот и лутината кај нив се зголемува бидејќи ценат дека директорката на училиштето Соња Кирковска свесно излажала дека во таа наставна задача се претставени татко со два сина и мајка и ќерка.

Истиот одговор, како и тоа дека нема ширење на никаква геј пропаганда го доби и Фактор веднаш по обелоденување на целиот случај. Но откако беше утврдено дека станува збор за слика поставена на австралиска веб страница на која се претставени двајца татковци и дете, Фактор во изминативе денови постојано се обидуваше да стапи во контакт со директорката Кирковска со цел да добие одговори како токму тоа ливче е избрано за да им се покаж на првачињата дека како згрижувачко семејство.

Секако, не добивме одговор од неа, единствено на Вибер директорката напиша:

-Ние веднаш ви одговоривме на сите ваши прашања и објавивме официјале демант. Повеќе од тоа не можеме, училиштето има тековни обврски за трето тримесечие. Одговараме пред законот за основно образование и надлежните институции.

Но, според добро упатени извори Фактор дознава дека спорното ливче е избрано со пребарување на Гугл и тоа со овие зборови: recepy for a happy family activity sheet, по што веднаш се покажува токму тоа ливче.

На прашањето од наша страна дали до толку не е очигледен пример на геј двојка, нашиот извор вели дека фотографијата е избрана како згрижувачко семејство, бидејќи едниот од мажите е со темна боја на кожата, а во тоа училиште учат и деца од ромска националност, па со намера никој да не се почувствува запоставено. Осве тоа, како што вели изворот на Фактор, учителката воопшто не забележала од која страница ја извадила спорната фотографија.

Ако, пак се пребарува под овие зборови: recept za srekno semejstvo activity sheet излегуваат сосема други слики, слики на традиционални семејства, но било впишано на англиски.

Како и да е, официјален одговор се уште нема, директорката упорно молчи иако јавноста е силно разбранувана.

Во последната објава на ФБ, Коалицијата за заштита на децата уште еднаш повика на нејзина итна оставка.

-Коалицијата за заштита на децата останува на барањето директорката итно да си даде оставка и одговорните органи да преземат соодветни мерки за нејзино целосно отстранување од образовните институции, со оглед на тоа што самата таа докажа пред целата јавност дека не е соодветна за таа функција и е лош пример за децата!


Коалицијата за заштита на децата жестоко реагира на Вистиномер, за што сметаат дека ја обликуваат мислата како што им е волја.

-Што е тоа дезинформација? Постои ненамерна и незлонамерна дезинформација, но постои и таква која е намерна и злонамерна, со цел да се манипулира јавната свест и перцепција. Намерната и злонамерна дезинформација најчесто се шири од страна на самопрогласените „факт-чекери“, кои се платени да ја обликуваат мислата на јавноста како што им е волја.  До јавноста упатуваме апел да не им веруваат на „факт-чекерите“ кои шират дезинформации и лажно тврдат дека ако некој нешто демантира, тоа значи и дека ја кажува вистината. Коалицијата верува дека народот е доволно совесен и интелигентен за да пресуди што е вистина, а што лага, така што „помошници“ како „Вистиномер“ не ни се потребни во нашето општество, пишуваат во последната објава.


Целата нивна објава е на овој линк: https://www.facebook.com/koalicijazadecata/

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки