ФАКТОР ДОЗНАВА: Министерството за финансии бара начин како да се исплатат субвенциите на земјоделците
Објавено во: Агробизнис 25 Април, 2017 15:58
Во врска со проблемот на исплатата на субвенциите за земјоделците, согласно на мислењето на најголем дел од експерите за кривично право, постои проблем со членот 165 од Кривичниот закон, кој што априори ја забранува исплатата на субвенциите, дознава Фактор.
„Оваа состојба може да се надмине со укинување на спорната одредба од страна на Уставниот суд, со оглед дека со завршување на изборите и прогласување на нивната конечност, не се влијае на волјата на избирачите, а се оневозможува остварување на правата на граѓаните“ - додаваат извори на Фактор.
Во меѓувреме во Скопје и во внатрешноста денеска земјоделците излегоа на протести, и бараат исплата на субвенциите или ќе го блокираат целосно главниот град. Тие се заканија дека на протести ќе дојдат со механизација и со добиток. Денеска блокирани беа и патишта во Источна Македонија во знак на револт.
Министерот за земјоделство, Михаил Цветков вчера посочи дека има пари за субвенции за земјоделците, но се чека да се врати министерот за финансии Кирил Миновски кој е во посета на САД, за да се реши законскиот дел.
„Кај нас како Министерство за земјоделство и кај Платежната агенција не е спорно ништо за исплата на субвенции. Во секој случај, сега имаме проблем со Министерстовото за финансии и се надевам дека во најскоро време и овие проблеми ќе бидат завршени“ - рече Цветков.
Првиот човек на Министерството за земјоделство изјави дека е испратен писмен налог за исплата на субвенциите до Платежната агенција, но дека не може да лицитира со датумот кога парите би легнале на сметките на земјоделците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





