ФАКТОР ДОЗНАВА: За папата Франциск кој доаѓа во мај се прави посебна столица, ќе седи на плоштад и носи голема делегација
Објавено во: Македонија 04 Март, 2019 08:37
Во посебна церемонија која веќе се подготвува, Македонија ќе го пречека Папата на Римокатоличката црква Франциск. Тој во земјава доаѓа на 7 мај, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорѓе Иванов без оглед што во земјава за претходно се закажани и претседателските избори.
Од Католичката црква од Скопје за Фактор велат дека овие денови ја очекуваат програмата на Папата Франциск и дека ќе има голем број на верници кои ќе присуствуваат на молитвената литургија.
„Свечената литургија е врвот на една посета на Папата, кој секогаш носи порака на мир во земјите кои ги посетува. Ние очекуваме голем број на верници од земјата и од странство. Имаме голем број на јавувања и верниците ќе допатуваат во Македонија организирано од сите страни, најмногу со автобуски превоз. Останува да ја разгледаме програмата, која ни ја испраќа Ватикан, а ние треба да помогнеме во реализацијата – ни изјавија од Католичката црква во Македонија.
Според информации на Фактор, Папата Франциск ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на Плоштадот. Таму се подготвува посебна сцена, а големиот гостин ќе седи на Столица која во Македонија се изработува само по тој повод. Столицата ќе биде достојна за неговата личност, но како што велат нашите извори, доста скромна. Потоа таа ќе остане во Католичката црква во Скопје. За таму, посебно за доаѓањето се прават две нови скулптури, едната на Свети Антон, а другата на Мајка Тереза.
На сцената на Плоштадот има предвидени места за високите гости кои пристигнуваат директно од Ватикан, за верски лица од Македонија и посебен дел за државниот врв. Посетителите ќе бидат одвоени, но цело време ќе ја гледаат манифестицијата. Тие што ќе бидат во најтесниот круг најверојатно ќе треба да обезбедат и карти кои секако ќе бидат бесплатни, но се предвидени заради создавање ред на церемонијата.
Александра Томиќ
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




