21 Јануари, 2025
0.0254

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

Објавено во: Економија 21 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Странскиот инвеститор за производство на кабли и еден од најголемите извозници во Македонија, Амфенол Технолоџи, е компанијата со најголема остварена добивка во Кочани за 2023. „Амфенол Технолоџи“ е единствената компанија од овој град која годинава се најде во клубот на 100 најуспешни по остварен профит, иако тоа не значи дека Кочани нема и други успешни фирми, барем кога станува збор по остварениот профит.

На второто место е „Офис Експрес“, фирма за продажба на големо на канцелариски материјали и деловни реквизити. Добивката на компанијата на Наташа Накова е зголемена за 140 отсто. Овој бизнис има 33 вработени но треба да се каже дека под него како подружница припаѓа и автоплацот Ауто Велт за продажба на ексклузивни марки на половни возила.

На трето место е печатницата Европа 92 на некогашниот пратеник и  градоначалник Ратко Димитровски. Оваа година добивката е евидентно повисока од претходниот период. Европа 92, меѓудругото, ги печати и македонските учебници.

Во високата петорка се и Алекс-3 на Марија Јосифова за производство на облека и холандскиот инвеститор Антхура за производство на цвеќе, инаку една од најголемите компании во секторот земјоделство во Македонија по остварен приход.

„Магнолија“ на Александар и Јулија Крстевски се на 6.место. Компанијата е специјализирана за трговија но и го поседува хотелот Ресорт Магнолија на Пониква. Има 52 вработени. По оваа компанија е Миком-98 на Димитар Кузманов. Компанијата регистрирана за „производство на парфеми и други тоалетни препарати“ со 17  вработени направила добивка од 22.500.855 денари од 84.189.190 денари приход. Всушност има неколку бизниси, претежно со тргување преку магацин.

Во последните три од Топ-10 листата се „Калина“ од Оризари за подготовка на градилиште, Гирлофс-Фриготехника за градежно-инсталатерски работи и Еко Оил за тргување со моторни горива. А.К.


Извор: Централен регистар

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута