23 Ноември, 2024
0.0343

ФАКТОР НА ДЕНОТ : Ќе има и трета доза вакцина, има реакции за најавите за исфрлање на „бугарски“ пред фашистички окупатор во учебниците

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ЌЕ ИМА И ТРЕТА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека од понеделник на сите вакцинални пунктови ќе може да се прима третата доза од вакцината против ковид-19. Рече дека критериумите и препораките кои ги даваат се врз основа на искуства од други земји и врз основа на препораки на меѓународни организации и врз основа на тоа, кај нас трета доза ќе може да примат повозрасните граѓани над 60 години, како и сите останати без разлика на возраста луѓе со имунокомпромитиран систем и за здравствените работници.

-Третата доза ќе биде од производителот Фајзер, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирани граѓаните. Исто така, третата доза од вакцината според нашите препораки ќе се дава на лица кои се најмалку 6 месеци вакцинирани. Во земјава има доволно вакцини и тоа на сите вакцинални пунктови. По вчерашната пратка од 100.000 вакцини Фајзер, сега вкупно од овој производител има 250.000 дози, 50.000 Синовак и 100.000 дози Астразенека, истакна министерот Филипче.

Нагласи и дека препораката за трета доза важи и за оние кои прележале ковид-19. , а во Македонија ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци, по што ќе можат да добијат и македонски сертификат. 

РЕАКЦИИ ЗА ИСФРЛАЊЕТО НА „БУГАРСКИ“ ПРЕД ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР

Има ли крај на ова самопонижување, прашува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. 

Тој му се обрати на премиерот Зоран Заев, кому му порача дека зборува во име на сите, и ги понижува и предците. 

„Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се уште се антифашисти. На 11ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, пишува Димитриевски. 

Премиерот Зоран Заев најави промени во учебниците, со тоа што ќе се исфрли „бугарски“ пред фашистички окупатор. Ова беше едно од барањата на бугарскиот државен врв. 

За дел од бугарските медиуми ова е нивна победа. 

Професорката Ана Павловска Данева на Фејсбук ги искоментира најавите дека во учебниците ќе има промени, и ќе се отстрани „бугарски“ пред фашистички окупатор. 

Ова вчера го најави премиерот Зоран Заев. 

„Следно што е? Дека партизаните не окупирале, а Бугарите не ослободиле?“, пишува Павловска Данева. 

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека во учебниците ќе се брише „бугарски фашистички окупатор“, бидејќи како што објасни, фашизмот не смее да има етничка димензија.

На ова реагираше поранешниот амбасадор Ѓорги Спасов, кој со пост на фејсбук објасни за, како што пишува, етничката димензија на фашизмот.

НАД 500 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 830 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Струга – 186, Охрид – 103, Струмица – 91, Куманово – 28, Тетово – 22, Кичево – 18, Кавадарци – 17, Велес, Штип и Битола – по 12, Кочани – 10, Прилеп и Гостивар – по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6, Кратово и Дебар – по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 починати лица од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Општина Битола за ракометниот клуб Пелистер Еурофарм доделила во 2020 вкупно околу 300.000 евра. Исто така се давало по 8 милиони денари за фудбалскиот клуб Пелистер и 4 милиони денари за истоимениот кошаркарски клуб, како и за други спортски здруженија. Според прегледот на средствата со кои локалните самоуправи ги помагаат спортските екипи, може да се заклучи дека Битола е број еден на ова поле, иако сепак општината има еден од најголемите буџети во земјата. 

Реплек има нов Надозрен одбор и повторно ќе дели дивиденда - одлуките беа изгласани на вчерашната седница на Собранието на акционери. Нови членови на Надзорен одбор се Антонио Георгиевски, Славица Туџарова Трајковска, Петар Андреевски и Владимир Гашевски. Нивниот мандат ќе биде шест години и тоа сметано од денот на изборот, односно од вчера, 22 септември. 

Законите кои треба да ја направат департизирана и деполитизирана јавната администрација, но и да ги избегнат во неа појавите на непотизам, клиентелизам и кронизам, се веќе подготвени во форма на нацрти на законски решенија.

Според британските и американските експерти, најмладата популација, односно децата на возраст од 12 до 15 години се главсните носители на корона ворусот во текот на четвртиот бран во кој доминира Делта варијантата. За се поголем број деца на оваа возраст заразени, па и хоспитализирани поради ковид-19, алармираат и лекрите во регионов. 

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и, како што велат од компанијата, се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси