20 Декември, 2025
0.1512

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Неделков објасни дека не прифатиле покачување на платите за 12 отсто, разговорите продолжуваат

Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 21:30

Добивај вести на Viber

ОД СОНК ВЕЛАТ ДЕКА ТОА ШТО НАСТАВАТА ПРОДОЛЖИ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ПРИФАТИЛЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 12 ОТСТО

За денеска е закажана првата средба со медијаторот кој вчера беше назначен од страна на Министерството за труд и социјална политика, најави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој на денешната прес конференција истакна дека не ги прифатиле понудените 12 отсто за зголемување на платите.

Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12 проценти. Ние не прифативме ништо затоа што така одлучи членството на СОНК и на некој начин повторно се наоѓаме на почеток на преговорите. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти зголемување на платата, нов колективен договор и континуирано зголемување на платите за 2023 и 2024 година, изјави Неделков.

Тој го оцени вчерашниот протест на дел од членството како обид да се ослабат позициите на синдикатот.

ПРИТВОР ЗА ЛИЦАТА КОИ СО ТАКСИ ОТИШЛЕ ДА ГО ПАЛАТ ВОЗИЛОТО НА ШИЛЕГОВ

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 24 и 22 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Со кривичната пријава за истиот настан беше опфатено уште едно лице за кое надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на пријавата, бидејќи за него не се утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.

ПРОДОЛЖУВА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Од Крим стигна закана за украинските борци во Мариупол. 

Лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов им се заканил на украинските екстремисти дека со синџири ќе бидат спроведени низ градот Мариупол, пишуваат агенциите. 

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека властите во Киев се обврзани да им наредат на украинските војници да го положат оружјето во фабриката Азовстал во Мариупол. Рекол дека на воените затвореници им се гарантира живот, медицинска помош и лекување. 

Украинец од градот Мариупол чиј идентитет не е откриен, вели дека доброволно се предал затоа што сите си заминале.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За една година граѓаните во земјава се задолжиле за дури 154 милиони евра само по основ на станбени кредити. Или, за толку пораснале доделените станбени заеми во март годинава во однос на март минатата година.

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“, еден од најголемите добитници на државни зделки за снабдување со нафтени деривати, влегува во скопски „Бетон“, дознава Фактор ексклузивно, а информацијата за нас ја соопштија неколку неофицијални извори.

Во „Малиќи“ групацијата Спасовска е финансов директор за Македонија, но и еден од првите вработени на компанијата „Гемак Траде“ од која сега произлезе оваа моќна групација. Станува збор за една од најуспешните дистрибутерски куќи на овој пазар, која во 1991 година ја основаше сега веќе починатиот Енвер Малиќи.

Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.

ТКК Банка убаво ги израдува своите акционери. Благодарејќи на кратењето на трошокот за резервации на кредити успеа за првите три месеци да оствари добивка која изнесува пола милион евра и е за 2,5 пати поголема од истиот период лани

„Тргопродукт“, најпознатата компанија во сопственост на членовите на фамилијата на поранешниот премиер Зоран Заев, доби неповратен грант од 1,4 милиони  евра од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки