ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023 21:21
АХМЕТИ ПЕЕШЕ ПРЕД МИТИНГОТ ВО ЧАИР
Артан Груби, прв вицепремиер во земјава, на својот фејсбук-профил објави видео на кое лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пее патриотска песна заедно со косовскиот пејач Илир Шаќири.
Во описот на видеото Груби пишува „Нацијата е прва меѓу нас вечерва! Заедно за ЕУ.“
Првиот вицепремиер Артан Груби, вели дека Чаир е на лидерот Али Ахмети и на ДУИ.
Ваква порака испрати на митингот. Вели дека собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.
„Чаир е на Али Ахмети и на ДУИ“, кажа Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.ГРКОВСКА ГО ОПОМЕНАЛА ГРУБИ
Славица Грковска, вицепремиерката за добро владеење, рече дека однесувањето на вицепремиерот Артан Груби со играње фудбал во кабинетот не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат. Таа додаде дека функционионерите треба повеќе да внимаваат како се однесуваат.
– Тоа не беше добро прифатено од јавноста. Треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, рече Грковска како коментар на новинарско прашање.ЈАНКУЛОСКА Е ДИСКРИМИНИРАНА ВО ЗАТВОР
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска е дискиминирана врз основа на пол, е мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а пренесува порталот Плусинфо.
„Се утврдува директна дискриминација врз основа на пол во областа на правосудство и управа, од страна на Управата за извршување санкции, врз Гордана Јанкуловска. Се утврдува дискриминација на врз основа на пол од страна на Управата за извршување санкции врз лица од женски пол од Република Северна Македонија“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




