20 Декември, 2025
0.0480

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2025 22:05

Добивај вести на Viber

ТАРАВАРИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА

Алијанса за Албанците (AA) oди во опозиција. Вечерва ја донесоа одлуката. 

„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.

До оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и Законот за јазиците. Таравари рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија.

ПРОТЕСТИРАШЕ НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА

Откако денеска протестираше Независниот синдикат на полицијата во Скопје, од Министерството за внатрешни работи(МВР), велат дека секој има право да протестира, а незадоволството не е насочено кон Министерството. 

„Од јавно достапните информации, може да се заклучи дека незадоволство што e изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР, туку кон постапувањето на одредени судови во процесите каде полициските службеници ги остваруваат некои свои права“, додаваат од МВР. 

Тврдат дека постојано работат на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија. 

МИЦКОСКИ РАСКАЖА ШТО СЕ СЛУЧИЛО НА 16 МАРТ ГОДИНАВА

Говорејќи на Самитот „Македонија 2025“, премиерот Христијан Мицкоски  денеска кажа кој бил најтежниот ден во неговиот живот. 

Рече дека тоа бил 16 март годинава, денот кога се случи пожарот во Кочани каде загинаа 62 луѓе. 

„Беше околу 3:30 наутро кога некој затропа на вратата од мојот дом. Пред мене стоеше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Не знаев што се случува, бидејќи телефонот не го погледнав додека спиев. Кога ја видов пораката, веднаш се мобилизирав и заедно со мојот тим се упативме кон Кочани“, вели Мицкоски. 

ЗЕЛЕНСКИ ВО ИСТАНБУЛ ЌЕ ГО ЧЕКА ПУТИН, МОЖНО Е ТАМУ ДА БИДЕ И ТРАМП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во четврток ќе оди во Турција, каде очекува дека ќе дојде и неговиот руски колега, Владимир Путин. 

Тој реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да се приклучи на мировните преговори во Истанбул. Зеленски кажа дека тоа ќе биде важен чекор.

„Само што ја слушнав изјавата на претседателот Трамп. Многу важни зборови“, напиша Зеленски на X.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Граѓаните реагираа за високите цени на килограм цреши кои достигнуваат до 1.200 или 1.300 денари, а овоштарите од земјава велат дека летово нема да има доволно овошје и секако ќе биде поскапо.

Медицинските сестри се на првата линија на здравствената грижа, но нивната професија е во сериозна криза. Недостиг на кадар, ниски примања, преоптовареност и лоши услови за работа, ова се главните предизвици со кои се соочуваат милиони сестри ширум светот.

Финансиското друштво за брзи кредити Еазу Фајнанс АД Скопје, кое пред неколку години се трансформираше во акционерско друштво, на „Македонска берза“ објави дека за 2024 има остварено двојно поголема добивка.

Најголемите десет фирми во Кавадарци лани генерирале приход вреден 530 милиони евра! И во тие десет фирми дури девет се домашни поточно кавадаречки компании основани од локални жители. 

Кинескиот гигант за производство и продажба на турбини за ветерници оствари приход од 4,5 милиони евра во првата активна година од своето работење во Македонија. 

Изминатата година во нашата земја со задолжителното здравствено осигурување биле опфатени 1.839.537 лица, а според податоците на Фондот за здравствено осигурување има намалување кај вкупниот број на осигуреници.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки